Регион
Трифoнов ќе испраќал „северномакедонски астронаут“ во НАСА, Борисов вели дека така се случува „Војна на ѕвездите“

Лидерот на бугарската политичка партија Има таков народ, Слави Трифoнов, изјави дека ќе аплицира за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција и ќе испрати маж и жена, кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА, а со нив ќе испрати и „северномакедонски астронаут“.
„Ќе поднесеме апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе направам сѐ што е возможно да испратам маж и жена, кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направам сѐ што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не гледаме надолу во земјата од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре кон ѕвездите“, изјави Слави Трифoнов кој денеска најави формирање влада.
Неговиот политички противник, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, порача дека тие не се занимавааат само со НАСА и астронаутите.
„Бугарин и северномакедонец во вселената – вака се случува во ‘Војна на ѕвездите’“, се пошегува поранешниот бугарски премиер.
Засега трката меѓу Трифoнов и Борисов по изборите е неизвесна. Според пребројаните 98,92 од гласовите, партијата на Трифунов има 23,91 отсто, а ГЕРБ на Борисов – 23,69 отсто. Тоа значи дека разликата меѓу нив е само 5.908 гласа. Според Уставот, претседателот Румен Радев треба да му го даде мандатот на победникот, а доколку тој не успее да обезбеди мнозинство, мандатот оди кај второпласираниот, па кај дел од другите партии. Трифoнов, претходно, во видеообраќање најави дека ќе формира експертска влада, без да фигурира во неа и без да коалира со ниту една партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.