Вести
HRW ја тужи DEA заради прислушување на Американците

Организацијата за човекови права Human Rights Watch (HRW) покрена тужба против американската Управа за спречување на дрогата(DEA), обвинувајќи ја за нелегално собирање на информации за меѓународните телефонски повици на Американците во рамки на програмата за надзор.
Тужбата била поднесена во вторник во американскиот окружен суд во Лос Анџелес, соопшти Фондацијата за електронска граница, која ја застапува HRW и се занимава со други случаи против владиното надгледување.
„Програмата на DEA на случаен надзор на записите за меѓународните телефонски повици на Американците – информации за броевите што луѓето ги повикуваат како и времето, датумот и траењето на тие повици, погодува милиони невини луѓе, а сепак DEA со години тајно ја води таа програма“, рече Нејт Кардозо, претставник на Фондацијата.
Програмата на DEA првпат беше откриена во судските записи во јануари, наведува Фондацијата.
Претходно во средата весникот USA Today објави дека повеќе од две децении наназад, уште од 1992 година, Управата за борба против трговијата со дроги и Министерството за правда на САД ги евидентирале содржините и мета податоците за сите телефонските разговори водени од САД кон 116 земји во светот, во врска со трговијата со дроги, пишува весникот повикувајќи на поранешни и активни службеници на споменатите институции вклучени во таа операција. Листата со тие земји постојано се менува, но на неа секогаш фигурираат Канада, Мексико и повеќето земји од Централна и Јужна Америка, велат соговорниците на весникот.
Федералните истражители, исто така, ги користеле записите од разговорите за следење на системот на распространување на дрогите од страна на наркокартелите во САД, што им овозможило на агентите да откријат претходно непознати шверцерски кругови, како и лицата коишто биле задолжени за протокот на парите во обратна насока. Содржините од прислушуваните разговори биле користени и во други цели и истраги, се додава во написот.
Според USA Today, американската служба за справување со трговијата со дроги во почетокот започнала со масовно собирање на податоци за Американците, без оглед на тоа дали тие биле осомничени за вмешаност во некакви криминални активности. Оваа практика станала уште помасивна, откако Агенцијата за национална безбедност (NСA) започнала со следење на телефонските разговори и на електронската комуникација по терористичките напади од 11-ти септември 2001 година./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.