Контакт

Македонија

Почна чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС

Објавено пред

Денес и официјално почна процесот на чистење на линдан и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС. За таа цел избраниот изведувач Полиеко започна со подготвителни активности што подразбираат расчистување на теренот, обезбедување и поставување на потребната опрема и механизација околу малата депонија.

dobivaj vesti na viber

„Со овој проект ја потврдивме нашата решеност да ги елиминираме жешките точки во земјава. Во изминатиот период беа безбедно отстранети и уништени огромни количини на екстремно опасни хемикалии што со децении беа складирани во кругот на ОХИС, а денес присуствуваме на почетокот на чистење и на линданот, како историски проблем на чиешто решавање посветивме многу внимание и енергија“, изјави министерот Нуредини, најавувајќи дека Владата и Министерството за животна средина прават напори да се обезбедат средства од повеќе извори за чистење и на големата депонија, како и за чистење на погонот за електролиза контаминиран со жива.

За чистењето на малата депонија Министерството воспостави соработка со две агенции на Обединетите нации, УНИДО и УНОПС.

Првично, за реализација на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијација на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС „Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи (POPs) во соработка со УНИДО како имплементациона агенција, обезбеди финансиски средства од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) во висина од 3.100.000 долари.

По спроведување на изборот на компанија за чистење на овој отпад, УНИДО склучи договор со избраниот изведувач „Полиеко“ за чистење на 450 тони од висококонцентрираниот HCH отпад и на 200 тони од земјата контаминирана со HCH од малиот базен.

Потребните дополнителни средства за завршување на чистењето на „малата” депонија, УНИДО, МЖСПП, ГЕФ и Генералниот секретаријат на Владата се согласија да бидат обезбедени од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина, а да се имплементира од страна на УНОПС.

Неодамна и УНОПС потпиша договор со грчката компанија „Полиеко“ за чистење на дополнителни 240 тони HCH отпад и 653 тони контаминирана почва со HCH со што ќе се обезбеди континуитет во чистењето на опасниот хемиски отпад од оваа локација.

„Кралството Норвешка е партнер на Владата на Северна Македонија во овој процес. Во изминатите три години, обезбедивме поддршка на Владата и на Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина во износ од 1,5 милиони евра како поддршка на чистењето на депонијата во ОХИС“, изјави Стефан Сандстад, првиот секретар на Амбасадата на Норвешка.

„Ние во УНОПС сме горди што ни е доверено управувањето на Повеќепартнерскиот фонд за животна средина кој е воспоставен од Владата на Северна Македонија во партнерство со многу субјекти кои работат кон заедничка цел – ремедијација на линданот во ОХИС. Ќе продолжиме да работиме заедно да обезбедиме средства од донатори, меѓународни организации и финансиски институции за овој витален потфат за животната средина во државата“, изјави Микела Телатин, шеф на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија

„Се соочивме со многу предизвици, проблеми низ годините, почнувајќи од 2006 година кога започнаа преговорите за обезбедување средства од ГЕФ, се до 2015 година кога беше и официјално започнат проектот, за денес да ја видиме механизацијата на терен. Останува да се спроведе самиот процес на чистење, на крајно внимателен и безбеден начин согласно утврдените стандарди и критериуми. Во текот на целиот процес на чистење јавноста ќе биде редовно информирана“, изјави националниот координатор на проектот Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс.

Претставникот на Полиеко имаше можност да го образложи процесот на работа на локацијата, почнувајќи од организација на теренот, поставувањето на шаторот со целата апаратура за негативен притисок, применетата методологија на ископ, пакување и обележување, како и опис на сите заштитни и безбедносни мерки следејќи ги претходно утврдените стандарди и критериуми, кои ќе овозможат минимизирање на емисии во животната средина, надвор од шаторот и пошироко.

Проценетата вредност на комплетното чистење и уништување на линданот и неговите изомери од малата депонија во ОХИС изнесува приближно 8 милиони евра.

Македонија

Димитров: Најголем безбедносен ризик за граѓаните од регионот е корупцијата

Објавено пред

Не надворешни закани, туку лошо владеење, тоа е најголемата закана за граѓаните од регионот и тоа го видовме со трагедиите во Нови Сад, Кочани, Тузла, но и во Грција со железничката несреќа, оти очигледно и земјите членки не се имуни на корупција”, порача претседателот на “Солуција”, Никола Димитров на Белградската безбедносна конференција.

dobivaj vesti na viber

„Имаме сѐ помалку демократија и сѐ помалку принципиелни актери на глобалната сцена”, кажа Димитров зборувајќи денеска во Белград на панел дискусијата “Изгубени во геополитиката? Пост – југословенски погледи на безбедноста, суверенитетот и иднината на Европа”.

„Ако ги прашате борците за демократија, за човекови права, владеење на лесното и медиумски слободи, кои им се најголеми сојузници верувам дека полесно ќе одговореа на ова прашање пред 10 години. Нашите природни сојузници за демократски процеси веќе не се очигледни”, оцени Димитров анализирајќи ги слабостите на вредносниот систем на Западниот свет.

Зборувајќи за најголемите закани за балканските граѓани денес, тој истакна дека недостигот на добро владеење е безбедносен ризик број еден во сите наши земји:

„Видовме со трагедијата во Нови Сад, видовме и во мојата земја, со страшниот пожар во Кочани, неодамна видовме и во Тузла, ама видовме и во Грција со големата железничка несреќа, оти очигледно и земјите членки не се имуни. Неказнивноста, корупцијата и лошото владеење се најголем ризик”.

Дали сме Македонци и дали ни е јазикот македонски не е дебата за овој век и за овој континент.

Во однос на надворешните фактори, Димитров ја цитираше анкетата на ИРИ од минатата година, каде македонските граѓани оценуваат дека за нас најголема закана е Бугарија, додека Грција после Преспанскиот договор падна на шесто место.

“Го решивме проблемот, инвестиравме огромен политички капитал и кога мислевме дека конечно ќе се занимаваме со реформи, ние бевме пак блокирани и тоа од Франција прво. Тоа вето од Франција го поплочи патот за ново вето од Бугарија, за прашања што не се поврзани со вистинските критериуми. Дали сме ние Македонци и дали зборуваме македонски јазик – ова не е се дебати од овој век и не се дебати за овој континент!”, порача Димитров.

Тој заклучи дека имаме сите за растење и ние како регион и самата ЕУ:

“Треба да учиме од балтичките земји како да соработуваме и како да си помагаме. Точно е дека сега има едем прозорец, поттикнат од војната во Украина и дополнително од предизвиците во трансатлантските релации и нам како Европејци мора да ни стане јасно дека ЕУ мора повеќе сама да се грижи за себе”.

На панел дискусијата заедно со Димитров беа и Петра Ротер, професорка по меѓународни односи од Љубљана, Неџма Џановиќ Мирашчија, професорка по политички науки од Сараево и Вук Вуксановиќ, од Белградскиот центар за безбедносни политики.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња

Објавено пред

Од

Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња кај бањата „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане.

dobivaj vesti na viber

„На 19.11.2025 година, во 7.35 часот, по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во с. Стрновац, општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, ТППЕ Старо Нагоричане интервенира со едно возило и двајца пожарникари“, објави Територијалната противпожарна единица.

Од таму апелираат граѓаните на општина Старо Нагоричане да избегнуваат движења и секакви активности по течението на реката Пчиња во општина Старо Нагоричане, а доколку се здогледа лице во опасност поради временските услови, да се јават на телефонските броеви: 031 495 666 или на 112 и на 193.

ЦУК – Куманово, пак, извести дека е добиена информација оти на подрачјето на село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бањата „Стрновац“, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за 20-ина сантиметри.

Во моментот излевањето не зафаќа куќи или викендици.

Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање поголема количина дрвја, што го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња. За состојбата е навремено известено „Водостопанство“ – Куманово, кое ќе постапи во согласност со своите надлежности.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ ќе се ситат и ќе земаат крвави пари, прашува таткото на загинатиот Андреј Стојанов

Објавено пред

„Јас сум родител на трагично убиените деца изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот во дискотеката во Кочани на првиот ден на судското рочиште.

dobivaj vesti na viber

Момчето раскажува неговиот татко работело како програмер.

„Сега од Кочани доаѓаме како оштетени јас и сите родители на децата кои настрадаа во катастрофата во Кочани на судско рочиште кое започнува денеска. На самиот старт наидуваме на еден голем скептицизам и разработена игра, шема на претставници на авдокати и на обвинети кои манипулират на разни можни начини да ја продлабочат нашата болка. Ние сме направени како фигури. Нашите деца ги нема и нас да не однема на некој начин така кажано, за да нема ниту кој да оди на нивните гробови“.

Ме чуди, вели тој, со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите ќе се ситат и ќе земаат крвави пари и со која гордост ги даваат изјавите дека ова судско рочиште ќе трае 15-20 години.

„За нас 15 дена или 15 месеци се многу, веќе осум месеци поминаа. Ние родителите се чувствуваме изманипулирани и стравуваме дека нашата ситуација ќе излезе како „Ласкарци“, како автобусот во Бугарија, како „Модуларна болница“, а кога имавме средби со премиерот и со министерот за внатрешни работи ни беше кажано дека случајот во Кочани е врв на сите криминали и лоши настани што се случиле и дека мора да се направи рез и ако не се направи тој рез ние како држава не треба да постоиме“.

За нас родителите, додава таткото на Стојанов, ова е еден од најважните испити за државата.

„Но како минува времето нас не ставаат на страна на заборавот (тие си имаат место кај да си плачат, нека си ги гледаат гробиштата, јавноста да не ја замараат). Се чувствуваме исцрпени и омаловажени а уште на самиот старт на судското рочиште гледаме како познати адвокати во македонската јавност, сега бранители на обвинетите, со кои разработени шеми и математики дејствуваат и на кој начин сакаат нас оштетените начисто да не уништат. Нека им служи на чест“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

(Фото) Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња

Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња кај бањата „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане. „На 19.11.2025 година,...

Македонија19 минути

(Видео) Со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ ќе се ситат и ќе земаат крвави пари, прашува таткото на загинатиот Андреј Стојанов

„Јас сум родител на трагично убиените деца изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот во дискотеката...

Топ2 часа

Кривична против инвеститорот и четири лица од Општина Струга: со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомен-куќата музеј „Владо Малески“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н. К. (53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено...

Македонија2 часа

(Фото) Општината ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ во Аеродром и ќе им прати фактура на сопствениците

Општина Аеродром почна со чистење на запуштениот простор кај поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром. „Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат...

Македонија3 часа

(Фото) Дали ќе трае пет месеци или пет години – никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”

Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Дијана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската...

Економија3 часа

Собранието ги изгласа измените на законот, ќе се плаќа ДДВ на пратките од „Тему“ и од „Алиекспрес“

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ...

Македонија4 часа

(Фото) Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра од Македонија: спречен на Табановце

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден...

Македонија4 часа

(Фото) Почнува судењето за пожарот во „Пулс”: роднините на загинатите молкум го следат пристигнувањето на обвинетите

Под силно полициско обезбедување утрово почнува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица. Покрај новинарските...

Македонија5 часа

(Фото) Од шахта на булеварот Александар Македонски масивно истекуваше хемиска пена; Ѓорѓиевски: Ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија, но и за кои ние веќе претходно...

Свет6 часа

Мадуро: САД нè провоцираат, нападот би бил крај на кариерата на Трамп

Претседателот на Венецуела предупреди дека секоја американска воена интервенција во неговата земја би значела „политички крај“ за американскиот претседател Доналд...

Европа7 часа

Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот „Краснодар“

Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија...

Свет7 часа

(Видео) Јапонскиот град Оита во пламен: зафатени 170 објекти, едно лице исчезнато

Пожар зафати повеќе од 170 објекти во јужен јапонски крајбрежен град, гореше преку ноќ и сè уште не е целосно...

Свет7 часа

Пет туристи загинаа во снежна бура во Чиле: двајца Германци, двајца Мексиканци и еден Британец

Спасувачките екипи со часови бараат група туристи кои исчезнаа во снежна бура во Националниот парк Торес дел Пајне во Чиле,...

Свет7 часа

(Видео) Новинарка на Еј-би-си го праша американскиот претседател за Епштајн, Трамп: „Треба да ти се одземе дозволата“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека на подружниците на „Еј-би-си“, во сопственост на Волт Дизни, треба да им...

Македонија16 часа

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не...

Македонија19 часа

Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија...

Македонија20 часа

100 дена протести во Љубојно: Жителите бараат запирање на сечата на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат...

Македонија1 ден

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија1 ден

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија1 ден

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...