Контакт

Економија

Заев: 1.100 стечајци ќе можат да добијат надоместок од 9.242 денари сè до нивно вработување или пензионирање

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на заедничка прес-конференција, го претставија новиот предлог на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Предлогот на законот денеска беше усвоен на седница на Влада, по предлог на Министерството за труд и социјална политика.

dobivaj vesti na viber

Со овој предлог-закон се зголемува опфатот на дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето-плата исплатена по работник претходната година. Со последната измена речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање.

Како што истакна Заев, Владата продолжува да биде посветена на определбата за гарантирање на принципот на еднаквост на граѓаните во остварувањето на нивните права.

„Оваа Влада започнувајќи уште од својот прв мандат во 2017 година, со неколку законски решенија обезбеди финансиски надомест за невработените лица чијшто работен однос престанал поради стечај, ликвидација и технолошки вишок, односно на стечајците. Со овие законски решенија беа обезбедени 11.420 наши сограѓани. Наспроти негрижата на претходната власт која за 11 години владеење успеа да реши само 4.000 стечајни работници, и наспроти долгогодишните лажни и предизборни ветувања, како и заради селективноста во решавањето на нивниот статус, оваа Влада во двата мандата, односно за 4 години, со неселективен пристап и еднакви права за сите, успеа материјално да обезбеди 11.420 стечајци. Со последната измена речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање“, информираше премиерот Заев.

Министерката Шахпаска, подвлече дека Предлог законот е подготвен во директната комуникација со граѓаните, како и од анализата на поднесените барања според кои министерството дошло до сознанија дека на некои им недостигале само неколку месеци за да го исполнат условот од 15 години работен однос во претпријатието со доминантна сопственост на државата, поради што не можеле да го остварат ова право.

„На денот на поднесување на барањето, невработеното лице треба да е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж); да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон, да не било во работен однос. Правото на паричен надоместок во висина од 9.242 денари, невработените лица, односно стечајците ќе го остваруваат се до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување“, извести Шахпаска.

Економија

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Објавено пред

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,23 п.п., при што во август таа изнесува 2,19%.

dobivaj vesti na viber

Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,54 п.п. и изнесува 4,90%.

Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: Енергетски стабилна Македонија со повеќе обновливи извори

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Жени во енергетиката“ во рамки на Конференцијата „Јас сум жена“.

dobivaj vesti na viber

„„Нашата визија за енергетска Македонија е јасна – да бидеме земја што произведува доволно енергија за сопствени потреби, притоа поголем дел од неа да биде од обновливи извори и да имаме модерна и дигитализирана мрежа што е дел од европската енергетска архитектура. Македонија мора да биде стабилна за своите граѓани и компании, но и доверлив партнер во регионот“, изјави министерката.

Божиновска ја нагласи и улогата на енергетската дипломатија како алатка за обезбедување одржлива иднина – преку регионална соработка, заеднички инвестиции и интегрирани пазари.

„Регионалниот енергетски систем е тесно поврзан – ниту една земја сама не може да обезбеди стабилност и сигурност, особено во време на енергетска транзиција. Затоа енергетската дипломатија значи да преговараме, да се договараме и да соработуваме така што сите ќе добиеме – сигурни испораки, интегрирани пазари и стабилна инфраструктура“ рече Божиновска.

Говорејќи за новоформираното министерство, таа истакна дека неговите темели се поставени врз визија, професионалност и транспарентност, со јасна мисија – енергетиката да биде двигател на економскиот развој.

„Создавањето на оваа институција е порака дека енергетиката е срцето на економскиот развој и иднината на земјата. Во темелите ги вградивме компетентноста, отчетноста и визијата за одржлива иднина – секое наше решение мора да биде усогласено со европските зелени цели и заштитата на животната средина“, нагласи Божиновска.

Во своето обраќање, министерката посочи и на најголемите предизвици: застарената инфраструктура, потребата од инвестиции и модернизација, како и регулаторни промени што ќе ја охрабрат приватната иницијатива.

„ Првиот голем предизвик е староста и неефикасноста на дел од постојната инфраструктура. Производните капацитети како и преносната и дистрибутивната мрежа се градени пред децении и не се дизајнирани за интеграција на големи количества обновливи извори. Тоа бара значителни инвестиции и внимателно планирање за да се модернизира системот без да се наруши стабилноста. Вториот предизвик е финансирањето. Енергетските реформи се скапи, особено кога станува збор за изградба на нови капацитети, дигитализација на мрежите и проекти за енергетска ефикасност. Затоа мора да се работи со комбинација од јавни инвестиции, европски фондови и приватен капитал. За да можат реформите да успеат, потребна е транспарентна и предвидлива регулатива што ќе го охрабри приватниот сектор да инвестира. Тоа значи поедноставени процедури, брзи дозволи и јасни правила за пазарот. И на крај, но не помалку важно, е човечкиот фактор. Транзицијата кон нов енергетски модел не е само технолошка, туку и општествена промена. Таа бара обучени кадри, нови знаења и култура на одговорност – и кај институциите и кај граѓаните“ рече Божиновска.

Таа потенцира дека реформите веќе се спроведуваат – со подготовка на нови фотоволтаични и ветерни капацитети, модернизација на мрежата и програми за енергетска ефикасност.

„Овие чекори покажуваат дека реформите не се само визија, туку реалност што веќе се случува“, рече Божиновска.

Божиновска ја искористи приликата да потсети и на започнатиот процес за институционална заштита на македонскиот рубин – единствениот во Европа што природно се вади и обработува. „Ова е национално богатство и природна гордост која заслужува вреднување и меѓународна промоција“, порача таа.

Прикажи повеќе...

Економија

Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и на стабилноста на девизниот курс

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествуваше на 24. Конференција на Македонска берза, каде што говореше за растечката глобална неизвесност и нејзините импликации врз малите и високо отворени економии, како што е македонската.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека во постпандемискиот период трговската отвореност на нашата економија во просек достигна околу 150% од БДП, што ја зголемува чувствителноста на промени во надворешното опкружување. Според него, во моментов најизразени се неизвесностите поврзани со новите трговски политики на САД и потенцијалните реципрочни мерки од големите светски економии. Иако директната изложеност кон американскиот пазар е мала, индиректните ефекти преку намалување на побарувачката во ЕУ не се занемарливи. Дополнителна загриженост отвараат можните ефекти врз глобалната инфлација преку синџирите за снабдување и инфлациските очекувања.

„Трговските тензии се надоврзуваат на постојната неизвесност поврзана со геофрагментацијата, политичките нестабилности и состојбата во германската автомобилска индустрија. Дополнително, брзиот развој на технологијата и вештачката интелигенција, кои нудат огромни можности, истовремено можат да предизвикаат и зголемени ризици за монетарната политика во иднина“.

Во однос на одговорот на монетарната политика на ваквите предизвици, тој подвлече дека е неопходно одлучувањето да се темели на широк спектар на податоци и анализи, изготвување алтернативни сценарија и пред сè –посветеност на ценовната стабилност на среден рок и стабилноста на девизниот курс.

„Народната банка останува подготвена да одговори на евентуални непредвидливи предизвици, потпирајќи се на искуството од справувањето со екстерни шокови во минатото. Од суштинско значење е одржувањето на независноста на централната банка и кредибилитетот на нејзините политики. Солидното ниво на девизни резерви е гаранција за стабилноста на девизниот курс на националната валута“, истакна гувернерот.

Славески посочи дека Народната банка ќе продолжи да ги унапредува своите капацитети за справување со предизвиците и дека, иако сите неизвесности не можат да се отстранат, навремено поставување на вистинските прашања е клучно за пронаоѓање на појасна насока за иднината.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Орбан предупредува: Една грешка и Европа гори

Третата светска војна може да започне во секое време ако една од големите сили направи грешка, изјави унгарскиот премиер Виктор...

Македонија7 часа

Сијарто: ЕУ применува двојни стандарди кон Македонија и Србија, а Украина се турка на сила

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Европската унија очигледно применува двојни стандарди кога станува збор за...

Свет7 часа

Украина може да го порази Путин со беспилотни подводни дронови, тврди пензиониран американски генерал

Русија може да биде протерана од Украина доколку се употребат експлозивни подводни дронови, тврди еден од водечките пензионирани американски генерали,...

Македонија8 часа

Поради пад на температурите, грејната сезона почнува две недели порано

АД ЕСМ информира дека од утре, 2 октомври, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во...

Топ8 часа

Крадци отворале паркомати на повеќе локации во Скопје

Денеска, во полицијата од Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ било пријавено дека во раните утрински часови две лица со употреба...

Македонија9 часа

„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за...

Македонија9 часа

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил...

Македонија10 часа

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е...

Македонија10 часа

Шукова од Аеродром им го вети на скопјани она што премиерот Мицкоски го најави минатата недела: бесплатни филтри на оџаците се добра и сериозна мерка

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес, од Аеродром, на скопјани им вети бесплатни филтри за оџаците...

Македонија12 часа

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување...

Европа13 часа

Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго повредено

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и...

Европа13 часа

(Видео) Гори една од најголемите рафинерии во Русија

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии во Јарослав. Изворите тврдат дека...

Свет15 часа

(Видео) Снимен момент кога силниот земјотрес ги погоди Филипините

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Европа15 часа

Орбан: Европа е посилна од Русија, не знам зошто глумиме дека сме слаби

Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Унгарија би соборила руски беспилотни летала доколку влезат во нејзиниот воздушен простор. Еден новинар...

Свет15 часа

Трамп: Блиску сме до договор со „Харвард“, ќе платат 500 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација е блиску до договор со Универзитетот Харвард и рече дека таа...

Свет15 часа

(Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: најмалку 60 мртви

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Македонија1 ден

Додека светот ги забранува, ароматичните електронски цигари се помасовни кај нас: деветгодишни „вејпаат“ и бројат хитови

Повикот на Светската здравствена организација (СЗО) од мај годинава итно да се забранат ароматичните цигари за да се заштитат младите...

Македонија1 ден

Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС...

Македонија1 ден

Коцевски: Објавените пораки за пожарот во Кочани се дел од доказите

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката...

Македонија1 ден

Рекет во Скопје: Изнудувале пари со закани за убиство, организаторот од Дубаи

Обвинителството отвори истрага против тројца турски државјани за кои постојат сомненија за изнуда. Тројцата осомничени во група, со сериозна закана...