Македонија
Министерството за здравство го објави списокот на општини за утрешната теренска вакцинација
Министерството за здравство информира дека во текот на утрешниот ден, 14 јули, ќе се изврши теренската вакцинација во поголем број населени места во секоја од следните општини:
– Скопје: Петровец, ‘Ржаничино, Огњанци, Ќојлија, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари, Чифлик, Сушица, Катланово;
– Кратово: Туралево, Шлегово;
– Виница: Пеклани, Трсино, Трстија;
– Демир Хисар: Стругово, Кутретино, Суводол;
– Струга: Мислодежда, Богојци, Поум;
– Крушево: Бучин;
– Ростуше: Маврови Анови;
– Струмица: Раборци, Попчево;
– Неготино: Црвени Брегови, Курија, Војшаници;
– Пробиштип: Ратавица;
– Валандово: Дедели и Собри;
– Берово: Двориште;
– Кочани: Спанчево;
– Кичево: Црвивци, Мамудовци:
– Кавадарци: Сопот, Марена:
– Битола: Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани, Канино;
– Охрид: Горно и Долно Средоречје, Грко Поле, Лешани, Велмеј, Брежани;
– Македонски Брод: Брест:
– Велес: Мелница, Лисиче, Г. Врановци;
– Крива Паланка: Жидилово, Узем;
– Кумановски и Липковски Регион: Младо Нагоричане, Војник, Стрезовце, Орах, Ругинце, Дренак, Клечовце, Зубовце, Јачинце, Довезенце, Бељаковце, Мургаш, Новосељане и Косматац;
– Штип: Стар Караорман, Нов Караорман, Таринци.
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, информираат од Здравство.
Од Министерството за здравство додаваат дека секојдневно ќе информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање против Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

