Црна хроника
Кратовчанка отишла на баење, бајачот и се нафрлил
Кратовчанка пријавила силување во полиција откако бајач од неплодност ја нападнал за време на сеансата.
Настанот се случил во петокот околу 18:30 часот, кога 34 годишната Кратовчанка, која подолго време не можела да забремени, преку телефон договорила да оди на баење кај М.Г.. Таа истиот ден заедно со свои пријатели отишла кај бајачот.
Кога стигнале кај пријавениот, откако ги примил, веднаш ја однел оштетената во просторија каде што баел. Ја седнал на стол, ја завртел кон иконите што ги имал и почнал да и бае. Во меѓувреме зел еден гердан и истиот го испуштил во градите на жената и почнал да ја бакнува.
Истиот момент пријавениот со употреба на сила и ја подигнал блузата, ја искинал и почнал да ја милува по градите. За тоа време жената се обидела да се спротивстави, викала помош и се бранела, но била оневозможена бидејќи пријавениот применувал сила. Набргу потоа пријавителката успеала да се извлече и излегла од просторијата во ходникот каде што ја пречекале нејзините пријатели.
По наредба на Обвинител пријавениот е задржан во полицијата во Кочани и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

