Спорт
Денот кога фудбалот и тенисот си заминаа од дома
Тешко е да ги разбереш Англичаните, а кога ќе ги разбереш, и да ги прифатиш. Баш онака како што тие не може да го прифатат остатокот од светот, надвор од Островот. Многумина ќе ги опишат како ладни, отуѓени, не многу пријателски расположени за дружење со некој новодојденец.
Но, така накусо ќе ги опишете и повеќето Скандинавци – Швеѓани, Данци и други северњаци. Сепак, има нешто специфично, посебно, што ќе го забележите само кај Англичаните, но не и кај спомнатите северни народи. Тоа се арогантноста и агресивноста. Особини што толку впечатливо можеа да им се забележат во однесувањето во неделата, на двата спортски настана што се одржуваа во Лондон – тенисот и фудбалот.
Арогантноста беше присутна на Вимблдон, а агресивноста на Вембли. Во заднина и на двете карактерни особини се крие фрустрацијата.
Фрустрација што некој друг може да биде подобар, посупериорен од нив, а тие во својот генетски код имаат запишано дека се најсупериорниот народ (и теоријата за супериорноста на расите е измислена и напишана од англиски биолози, антрополози, медицински научници).
Германскиот нацизам е само нејзината брутална операционализација. И како сега, со таков ментален склоп, да прифатиш дека во она за што сметаш дека е твое, дека тебе ти припаѓа, може да биде посупериорен некој што е надвор од твојот континет и твојата раса. Да биде тоа Новак Ѓоковиќ од омразената им Србија!?

Пред две години имав можност да го гледам во живо финалето токму на Ѓоковиќ против Роџер Федерер. Омразата на вимблдонската (англиската) публика кон Новак беше толку силна така што тоа се граничеше со социјална патологија.
И тогаш и сега имам впечаток дека тие, англиските навивачи, би прифатиле да навиваат за кој било друг тенисер од светот, па и да е од малигната Русија – Медведев или Качанов, само за да го видат Србинот како губи.
Да, Новак им е поголема закана за националната гордост и безбедност и од рускиот „новичик“ и од носачот на авиони „Кузнецов“ кога плови во близина на Ла Манш…
Па на самиот почеток на тенискиот турнир Англичаните беа на работ да почнат војна со Русија кога нивниот воен разурнувач провокативно вплови во руските територијални води во Црното Море. Сѐ е тоа ирелевантно и сѐ се заборава. Најважно е Ноле да биде клекнат на колена, па било тоа и од некој омразен Русин. Во неделата желбата им се исполни, но на најболниот за нив начин. Новак беше клекнат на колена. Но, за да јаде трева.
Во денот кога да се биде Италијанец во Англија не беше воопшто популарно, само во глави полни со фрустрација може да се случи во тениското финале здушно да навивате за Италијанецот Матео Беретини, а неколку часа подоцна неговите сонародници во фудбал да ви бидат омразениот непријател.
Ментална конфузија, која не може поинаку да се манифестира, освен преку агресија, а кога потребата од исфрлање од себе на таквата деструктивност не може да се насочи кон оној што го мразиш и потценуваш – во видното поле немаш ниту Србин ниту Италијанец, единствено што ти останува е анимално да почнеш да се давиш меѓу себе. И не беа тоа, како многумина ги нарекуваат, фудбалски хулигани.
Барем не како фудбалски хулиган, се подразбира кај нас во Македонија и пошироко во регионот – пред сѐ, тинејџери и повозрасни млади луѓе некаде до својата рана триесетта година. Тоа беа средовечни мажи од педесетина години, old school-хулигани, што би рекле „комитите“, стара гарда, кои со текот на годините ниту се смириле ниту се социјализирале.

Имам можност во Лондон дневно на улица да сретнувам таков профил луѓе – тоа се оној тип луѓе на кои од очите им се гледа дека во себе имаат некој голем притисок, кој секој момент може да експлодира во садизам и да почнат да тепаат и да претепуваат до смрт послаб од себе, легнат на земјата.
Само строгите закони против насилство и расизам во Англија ги држат под контрола овие луѓе за да не еруптира нивната агресивност. Но, штом затаи репресивниот апарат на државата, а се појави инстинктот на крдото, припадност на група, со која те поврзуваат двете карактерни особености – агресивност и фрустрација, веднаш ги имате сликите што во неделата цел ден ги гледавме на улиците на Лондон.
Англичаните многу (би градирал и најмногу) ѝ дале на современата светска цивилизација. И добро и лошо. Кога е во прашање спортот, тоа најмногу се согледува во сите најпопуларни спортови, кои светската популација ги гледа и навија.
Сите до еден се измислени токму во Англија и од Англичани. И природна е желбата така емотивно да се посакува „фудбалот да се врати дома“. Но, она со што Англичаните мора да се помират и да го прифатат е дека постојат и подобри од нив, креаторите на модерните спортски игри. Во фудбалот тоа го прифатија во неделата.
За тенисот останува наредниот Вимблдон кога и според силата на бројките, ќе мора да прифатат дека омразениот им Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.
Стара е изреката – кого не можеш да го победиш, придружи му се. Нa некогашниот Perfidious Albion, перфидно трансформиран во „гордиот албион“, а сега од светот перципиран како Frustrated Albion, му претстои болен пат за да го спознае и направи она што најмалку сака да го направи: да се понижи и признае дека има подобар од него.
Строгата примена на законите е гаранцијата дека таа индивидуална и групна терапија ќе оди во општествено прифатливи рамки.
Од Лондон за „Топспорт“, Ненад Живановски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Атлетико против Еспањол ја прекина лошата низа во првенството
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Еспањол со 4:2 во натпреварот од 25-то коло на Ла Лига. „Јорганџиите“, вечерва ја прекинаа лошата низа од три натпревари без триумф и без постигнат гол во Примера. Исто така, Атлетико прв пат по 2022 година успеа да го победи Еспањол.
Гостите од Каталонија поведоа во пестата минута преку Жофре, но беа надиграни и поразени од фаворизираниот тим на Диего Симеоне. Атлетико по голот на Еспањол ја презеде иницијативата, силно притисна и изедначи преку Серлот во 21-та минута.
Пресвртот, Атлетико го комплетираше во 49-та минута со голот на Џулијано Симеоне. Девет минути подцна, Адемола Лукман, на асистенција на поранешниот соиграч од Аталанта, Руџери го постигна третиот гол.
Александар Серлот, им ја одзеде надежта на гостите дека можат да избегнат пораз со втроиот гол во 72-рата минута.
Норвежанецот можеше да постигне хет-трик, но во акција која „мирисаше“ на уште еден негов гол, ја погоди стативата.
До крајот на мечот, Еспањол, преку Еду Еспозито постигна уште еден гол.
Атлетико се трети на табелата, заедно со Виљареал има 48 поени, Еспањол остана на шестото место со 35 поени, но екипата од Барселона на последните пет натпрвари освои само еден бод.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) О’Рајли го врати Манчестер Сити во шампионската трка
Манчестер Сити го искористи киксот на Арсенал против Вулверхемптон и со победата над Њукасл (2:1) се доближи на два бода од лидерот.
Нико О’Рајли беше херој на победата за тимот на Пеп Гвардиола. Тој постигна два гола, во 16-та у 27-та минута и беше блиску до хет-трик во првото полувреме. Луис Хол во 22-та минута беше стрелец за Њукасл.
Сити освои три бода иако најдобриот стрелец Ерлинг Холанд не успеа да постигне гол.
По канонадата во Баку, Њукасл покажа заби на „Етихад“, но тоа не беше доволно ниту за бод. Во последните моменти од првото полувреме, голот на Брн беше поништен за 2:2 поради офсајд.
Foto/ EPA
Спорт
ПАО во „вечното дерби“ го освои Купот на Грција
Кошаркарите на Панатинаикос се освојувачи на Купот на Грција втора година по ред, откако го победија Олимпијакос со 79:68 во финалето на турнирот што се одржа во Хераклион.
Панатинаикос имаше двоцифрена предност во раната фаза од натпреварот поради проблемите што Олимпијакос ги имаше во нападот. Не можеа црвено-белите никако да најдат решение за подвижната одбрана на ПАО.
Единствениот расположен кошаркар на тимот од Пиреја беше крилниот центар Саша Везенков. Најкорисниот играч на Евролигата за сезоната 2022-23 постигна 12 од 17-те поени на својот тим во првата четвртина.
Во вториот дел ПАО одигра неверојатна одбрана, му дозволија на противникот само 12 поени, а постигнаа 28.
Олимпијакос се обиде во вториот дел но не успеа да се доближи. Дополнителен проблем за Олимпијакос е повредата на Везенков, во третиот период.
Тој го заврши натпреварот со 16 поени, а причина за повредата на грбот беше офанзивен фаул направен врз него од страна на бекот на ПАО, Кендрик Нан, во борба под кошот.
Новото засилување на ПАО, актуелниот МВП Најџел Хејс-Дејвис даде клучен придонес во победата на „Зелените“.
Најновото засилување на Панатинаикос го заврши натпреварот со 15 поени и 6 скока.

