Свет
(Вознемирувачко видео) Талибанците егзекутираа авганистански војници, кои со кренати раце сакаа да се предадат
Си-ен-ен објави видео на кое се гледа како талибанците убиваат авганистански војници, кои сакаа да се предадат на 16 јуни.
На снимката се слуша како некој вика: „Предајте се, командоси, предадете се!“ По тоа, се гледа дека невооружени луѓе излегуваат од зградата и набргу талибанците пукаат во нив извикувајќи „Алаху акбар“ (Бог е голем).
На 16 јуни талибанците убија припадници на авганистанските специјалци во градот Давлат Абад во провинцијата Фаријаб, во близина на авганистанската граница со Туркменистан. Си-ен-ен наиде на неколку снимки од настаните ја потврди нивната автентичност и разговараше со сведоци.
На видеото се гледа како телата на авганистанските војници лежат расфрлани на пазарот.
Сведоците рекле дека војниците останале без муниција по жестока борба да го задржат градот и дека набргу биле опколени од талибанците. На едно видео, кое трае околу 45 секунди, може да се чуе случаен минувач кој им вели на талибанците на локален јазик да не пукаат кон војниците.
„Не пукајте, не пукајте, ве молам. Како тоа Паштуните убиваат Авганистанци“, вели минувачот.
Инаку, Паштуните се иранска етничка група во Авганистан.
Црвениот крст потврди дека биле пронајдени 22 тела на авганистански војници. Овие убиства испраќаат спротивна порака од тврдењата на талибанците дека прифаќаат предавање на војниците и во некои случаи им плаќаат да си одат дома затоа што така ја обезбедуваат авганистанската територија.
Три дена по борбите во Дават Абад, талибанците објавија видео на кое се гледа како војниците заплениле оружје. Тие за Си-ен-ен изјавија дека снимките од застреланите авганистански војници се лажни и дека, всушност, станува збор за пропаганда на владата, која сака да спречи идно предавање.
Авганистанското Министерство за одбрана негира дека талибанците држат војници и за Си-ен-ен изјави дека тие биле убиени. Неколку сведоци од Дават Абад за Си-ен-ен изјавија дека талибанците ладнокрвно пукале кон војниците.
По објавата на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе ги повлече сите американски трупи од земјата до 11 септември, десетици илјади цивили беа раселени низ целиот Авганистан.
Талибанците тврдат дека ја презеле контролата над речиси 200 окрузи, претежно во северен и северозападен Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

