Спорт
„Италијанците имаа предност“

Фудбалерот на Барселона, Џерар Пике, рекол дека Италијанците заслужено победиле на Европското првенство, но не заборавил да потенцира дека имале предност во финалето. Пике, по полу-финалната победа на Италија над Шпанија, по избедувањето на пенали, побара УЕФА да го смени системот по кој се изведуваат пенали.
Пике смета дека тимот кој прв шутира има предност. Предлага системот на изведување да биде АБ, БА, АБ, БА, АБ.
„Италијанците заслужено победија, им честитам. Беа најдобриот тим на првенството. Секако, фактот дека први шутираа во пенал серијата, повторно им помогна. Истото се случи и против Шпанија“, рекол Пике.
Италијанците први шутираа и против Шпанија, во полу-финалето, тогаш реши пеналот кој не го реализираше Мората во четвртата серија.
Italia gana la @EURO2020 con merecimiento. Felicidades @Vivo_Azzurro! La mejor selección de toda la competición. Eso sí, el hecho de chutar primero en la tanda de penaltis le ha vuelto a ayudar. Le ha permitido fallar, como contra España, y aun así seguir viva en la tanda.
— Gerard Piqué (@3gerardpique) July 11, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
МВП издание на Јокиќ – Србија ја победи Летонија

Србија ја победи Летонија, во дербито во А групата со 84:80. Србите го забележаа третиот триумф, Летонија има победа и два порази. Блескаше Никола Јокиќ со 39 поени.
Рекордерот на српскиот тим, Никола Јокиќ не дозволи инзненадување во Рига. Со исклучок на првите четири минути, Србија констатнтно имаше предност, најчесто од осум поени.
Србија имаше 82:75 на нецели 120 секунди до крајот, Летонците се вратија со две тројки на само минус од два поени. Во последната минута Јокиќ поентираше, Леонците промашија два напади.
Јокиќ мечот го заврши со 39 поени, 10 скока, четири асистенции и три украдени топки. За многумина најдобриот играч во светото стана рекордер на спрскиот национален тим, претходно со по 32 поени рекордери беа токму Јокиќ на ЕП во 2022 и Милош Теодосиќ на ЕП во 2009 година.
Двоцифрени кај Србија беа уште Филип Петрушев со 12 поени и Марко Гудуриќ со 11 поени и по пет скока и асистенции.
Латвија ја предводеше Давис Бертанс со 16 поени и 10 скока, додека Кристапс Порзингис додаде 14 поени и шест скока. Ломагс заврши со 13 поени, додека Куруц и Шмитс додадоа по 10 поени.
Foto/ EPA/TOMS KALNINS
Спорт
(Видео) ВАР спас за Јунајтед – „Црвените ѓаволи“ во 97. минута го победија Барнли

Манчестер јунајтед и Рубен Аморим ја забележаа првата победа во сезоната. Јунајтед го победи Барнли со 3:2, со гол од пенал во 97.минута.
Два пати водеше Манчестер Јунајтед, но залудно. Прво по автоголот на Кулен, а потоа и преку Ембумо, сепак, тоа не беше доволно.
Прво Фостер го израмни резултатот, а потоа и Антони.
Сепак, токму Антони беше тој што непотребно го повлече Диало на почетокот од судиското продолжение, а откако ја прегледа ВАР снимката, судијата досуди пенал.
Бруно Фернандес ја презеде одговорноста и погоди во 97.минута за голема радост на „Олд Трафорд“.
Борнмут славеше на гостински терен против Тотенхем и ја заврши непобедливоста на Спарс, кои имаа два триумфа на почетокот од првенството – 1:0.
Натпреварот беше решен веќе во петтата минута, кога Сенеси го проигра Еванилсон, а Бразилецот го совлада Викари со помош на Ромеро.
Сандерленд со два гола во последните 10 минути го победи Брентфорд со 2:1, додека Евертон победи во Вулверхемптон со 3:2
Foto/ EPA
Спорт
Пјастри „за влакно“ го победи Норис за пол-позиција во Зандворт

Оскар Пјастри, лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Холандија. Австралиецот во борбата за пол-позицијата го победи тимскиот колега Ландо Норис, кој доминираше на тренинзите и во првите два квалификациски сесии.
Пјастри ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг во историјата на Зандворт, 1:08.662. Норис задоцни 12 илјадити делови од секундата зад тимскиот колега.
Вториот ред им припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул и изненадувањето Исак Хаџар од Рејсинг булс.
Следуваат возачите на Мерцедес и Ферари, Џорџ Расел и Шарл Леклер. Следуваат Луис Хамилтон (Ферари), Лијам Лосон (Рејсонг булс) и Шпанците од Вилијамс и Астон Мартин, Карлос Саинц и Фернандо Алонсо.
Трката за Големата награда на Холандија, в недела ќе започне во 15 часот. Пјастри во генералниот пласман има девет поени повеќе од Норис.
Foto/ sportsorca.com