Забава
Принцот Вилијам ги осуди расните навреди против играчи на Англија
Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, изрази големо разочарување во врска со расистичките навреди на социјалните мрежи упатени кон фудбалери на Англија по финалето на ЕВРО 2020, во кое Италија ја победи Англија на пенали.
Тројцата играчи кои ги промашија пеналите беа изложени на навреди на расна основа на социјалните мрежи.
Војводата од Кембриџ го осуди „гнасното однесување“(како што напиша) на оние кои ги икористија социјалните мрежи за да ги бомбардираат со пцости и навредливи емотикони тројцата играчи кои ги промашија пеналите.
Принцот Вилијам, кој е претседател на Фудбалската асоцијација (ФА), напиша на Твитер: „Ме боли расистичката реторика насочена кон играчите на Англија по синоќешниот натпревар“.

„Сосема е неприфатливо играчите да го трпат ова гнасно однесување“, твитна принцот, додавајќи дека таквото однесување мора да запре и сите инволвирани треба да одговараат.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, исто така, ги осуди „неприфатливите“ коментари. Тој нагласи: „Тоа не е она за што се залагаме.“
„Ние бевме светилник во обединување на луѓето и на сите оние кои можат да се поврзат со националниот тим, а националниот тим е за сите, и таквото заедништвото треба да продолжи.“
„Ние ја покажавме моќта што ја има нашата земја кога ќе се обедини и заедно ја имаме таа енергија и позитивност. Секој мора да запомни кога го поддржува својот тим дека тие исто така ја претставуваат Англија и треба да го претставуваат она за што се залагаме.“
Фудбалската асоцијација (ФА) претходно посочи дека луѓето кои оставаат расистички коментари не се добредојдени да го следат тимот.
Портпарол на ФА рече: „ФА остро ги осудува сите форми на дискриминација и е згрозена од расизмот насочен кон некои играчи на Англија на социјалните мрежи.“
„Оние кои стојат зад ваквото одвратно однесување не се добредојдени да го следат тимот. Ќе сториме сè што можеме за да ги поддржиме навредените играчи, истовремено барајќи најстроги казни за секој одговорен. Ние ќе продолжиме да правиме сè што можеме за да ја отстраниме дискриминацијата од игра, но ја молиме владата да дејствува брзо и да донесе соодветно законодавство за ваквата злоупотреба да биде казнета.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Модерно враќање во 2000-тите: Хејли Бибер во гламурозен изглед за својот 29. роденден
Хејли Бибер го прослави својот 29 роденден во облека што ги потсети многу миленијалци на нивната младост: топ со светки, фармерки и сандали со ремчиња. Оваа популарна облека од почетокот на 2000-тите беше нејзин избор за роденденската забава, а моделот подоцна сподели дел од атмосферата со своите следбеници на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
Бибер објави серија фотографии од прославата на социјалните мрежи, вклучувајќи снимки од роденденски торти, фотографија од нејзиниот едногодишен син Џек и емотивна снимка на која се држи за раце со сопругот Џастин Бибер.
За таа пригода таа избра винтиџ-светкав топ DKNY, кој го комбинира со фармерки Levi’s Ribcage и сандали Manolo Blahnik Callasli со ремчиња.
„Најдобрата недела за влегување во 29-тата година“, напиша Бибер на објавата, која доби многубројни честитки и пофалби за модниот избор.
Забава
Мајли Сајрус го лажела својот поранешен сопруг повеќе од 10 години за тоа како ја изгубила невиноста
Мајли Сајрус призна дека го лажела својот поранешен сопруг Лијам Хемсворт за тоа како ја изгубила невиноста повеќе од една деценија.
Мајли го запознала Лијам како тинејџерка на снимањето на романтичниот филм „Последната песна“ од 2010 година, а нивната врска се претворила во краткотраен брак. Кога се запознале, таа имала 16, а тој 19 години. Сајрус откри пред неколку години дека нејзините први интимни средби биле со девојки, но дека не отишла до крај со маж пред 16 години – и тоа токму со Хемсворт. Плашејќи се дека ќе биде сметана за губитник, Сајрус му кажала на Хемсворт дека веќе ја изгубила невиноста со некој друг.
„Не можев да се сетам на никого, па си создадов познајник со кого никогаш не сум имала секс“, рекла таа.
Тајната останала скриена речиси 10 години сè додека една пријателка на Хемсворт не се омажила за човекот што Сајрус го опиша како нејзин прв.
„Тој рече: „Сега мојата пријателка се мажи за некого со кого беше“, па на 24 години морав да признам дека лажев кога имав 16 години“, се присети Сајрус.
Забава
Чекор пред другите: ова се најинтелигентните хороскопски знаци
Некои хороскопски знаци се издвојуваат по тоа што брзо учат, јасно размислуваат и лесно поврзуваат информации.
Овие хороскопски знаци често оставаат впечаток за надпросечна интелигенција.
Водолија
Водолиите често се издвојуваат затоа што размислуваат на начин што не им е веднаш јасен на другите. Тие комбинираат информации на неконвенционален начин, па затоа од нивните увиди произлегуваат решенија што изгледаат неочекувано, но многу логично. Токму поради овој специфичен поглед на светот, тие често оставаат впечаток дека се еден чекор пред другите.
Девица
Девиците многу брзо забележуваат детали што другите ги игнорираат, што им овозможува прецизно и брзо да ги проценат ситуациите. Тие сакаат да ги разбираат работите до срж и да собираат и анализираат факти. Кога се соочуваат со предизвик, Девиците градат решение чекор по чекор, прецизно и внимателно.
Близнаци
Близнаците се истакнуваат во брзината со која ги обработуваат информациите: каде што на другите им требаат неколку минути, тие ги поврзуваат за неколку секунди. Во разговорите, тие лесно поврзуваат различни теми и флексибилно се движат од една структура на размислување во друга. Поради оваа ментална мобилност, луѓето често ги сметаат за исклучително перцептивни.
Јарец
Јарците поседуваат специфичен вид интелигенција што се рефлектира во способноста за планирање и предвидување на долгорочни исходи. Тие не ги оставаат работите на случајноста, туку ги разгледуваат последиците и ја избираат стратегијата што носи најмногу придобивки. Во сложени ситуации, тие не губат фокус, што им овозможува полесно да смислат решенија за кои другите можеби не помислиле.

