Црна хроника
Двајца тешко ранети во вооружен инцидент во Теарце
Двајца тетовци се во критична состојба по синоќешниот инцидент во тетовското село Теарце, каде дошло до вооружен напад со автоматско оружје, информираше денеска полицијата
Во критична состојба се 21 и 41-годишно лице, кои првично биле префрлени во болница во Тетово, а потоа и на Ургентниот центар во Скопје.Напаѓачот, во моментов е во бегство, но полицијата има сознанија дека се работи за македонски државјанин, познат под прекарот Лаки, кој има меѓународно криминално досие и бил протеруван од неколку европски држави.На нападот му претходела вербална расправија во текот на вчерашниот ден во кафетеријата „Тифани“ во Тетово, што напаѓачот ја започнал со 21 годишното момче, вработено како келнер во кафетеријата.Откако вработениот го информирал сопственикот, доцна вечерта тие решиле да се упатат кон Теарце и да го побараат напаѓачот за да расчистат околу причините за нападот. Тие биле пресретнати во селото, каде напаѓачот отворил оган врз нивното возило, „мерцедес“ со скопски регистарски таблички.На местото на инцидентот полицијата пронајде фрагменти од чаури бидејќи напаѓачот очигледно се обидел да ги исчисти трагите од пукањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
57-годишен охриѓанец се оддалечил од семејниот дом
Вчера во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство, без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.
Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци.
На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.
Црна хроника
Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.

