Спорт
Џо Кол: Челси пред Жозе беше убав клуб, тој нѐ направи одвратни!
Поранешниот крилен фудбалер на Челси и на англиската репрезентација, Џо Кол, со критики за менаџирањето на Португалецот Жозе Мурињо додека тој беше на кормилото на Челси.
„Го мразевме Ливерпул, го мразевме и Манчестер јунајтед. Жозе нѐ направи такви. Нѐ направи одвратни“, рече Кол во поткастот кај Џејми Карагер – The Greatest Game.
„Челси пред Жозе беше убав клуб. Фини играчи, противниците сакаа да играат против нас, а после да се забавуваат во Лондон. Жозе сето тоа го следеше и рече: `Сакам од овие да направам тим против кој нема да може да се игра и сите ќе ме мразат“, вели Џо Кол.
Асоцијација на Англичанецот на тој „одвратен“ фудбал се пресметките против Ливерпул на Рафа Бенитез.
„И Ливерпул беше одвратен ривал, но ние бевме поодвратни. Тоа беа сра.е натпревари. Веројатно би уживал само некој италијански тренер. Немаше простор за игра, тргни – застани, ужасно. Не се сеќавам на ништо од тие мечеви“, вели Кол.
Но, се сеќава колку било тешко да се „поднесе“ Мурињо, особено по поразот од Барселона во првиот осминафинален меч во 2005 година во ЛШ.
„Кога загубивме на `Камп ноу`, цел час нѐ критикуваше, еден по еден. Нѐ распнуваше на крст. Дојде до мене и кога мислев дека ќе ме удри, мене и на Демијан Даф ни рече: `Вие бевте ОК`“, се потсетува Џо Кол.
Во 2007 година Мурињо беше отпуштен од Челси, а Кол во клубот остана до 2010 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Едноок фудбалер е приказната на денот на Африканскиот куп на нации
Буркина Фасо ја победи Екваторијална Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од Групата Е на Африканскиот куп на нации. Екваторијална Гвинеја водеше со 1:0 до 95-та минута со голот на Марвин Аниебо, но Буркина Фасо направи пресврт со головите во 95-та и 98-та минута. Прво, Георги Минунгу постигна гол за израмнување, додека Едмонд Тапсоба постигна гол за победа.
Со голот што го постигна 23-годишниот Минунгу, ја испиша најубавата приказна на Африканскиот куп.
Станува збор за фудбалер кој може да гледа само со едно око. Во 2022 година, тој се пресели од втората чешка лига во резервниот тим на Сиетл Саундерс во САД. По година и пол, тој беше промовиран во првиот тим и отпатува во Марбеља на подготвки, но патувањето се претвори во кошмар.
По неколку тренинзи, неговото око почна да отекува и поради инфекција. Иако на почетокот не мислеше дека е нешто сериозно, состојбата брзо се влоши.
„Поцрне, потоа поцрвене. По две недели беше целосно бело“, изјави тој за „Sport Bible“, во јуни. Дури и итната операција не успеа да му го спаси левото око бидејќи нервите целосно умреа.
Лекарите тогаш му рекле дека никогаш повеќе нема да може да игра фудбал, но тој не сакал да го прифати тоа. Го замолил клубот да му дозволи да продолжи да тренира.
„Реков: „Ако сум добар, продолжувам. Ако не сум, престанувам.““ И тој беше добар.
„Тренирав понапорно од кога било досега. Веќе не можев да гледам сè, но можев да ја почувствувам играта. Можев да ја прочитам. Се адаптирав. Неверојатно е што може да постигне мозокот. Понекогаш воопшто не го гледам дефанзивецот, го чувствувам. Потоа едноставно одам во друга насока. Инстинкт, преглед на играта, чувство, сè се спојува“, објаснува тој.
Фактот дека денес е петкратен репрезентативец и стрелец на Африканскиот куп на нации се должи на Светското клупско првенство одржано минатото лето.
„Тој турнир ме направи познат, бидејќи МЛС не екогаш се следи одблизу“, објасни тој во интервју за Африканската фудбалска конфедерација.
Foto/ EPA
Спорт
Новото бразилско чудо има клаузула за откуп од 80 милиони евра
Рајан (19) е несомнено едно од најголемите откритија на бразилскиот фудбал во 2025 година. Овој деветнаесетгодишен напаѓач на Васко да Гама особено блесна во последната сезона, каде што речиси сам му ја донесе на својот клуб титулата во Купот против Коринтијанс.
Неговите извонредни настапи го привлекоа вниманието на европските гиганти како Баерн, а рускиот Зенит веќе испрати конкретна понуда од 31 милион евра. Сепак, во Васко не размислуваат да го продадат за помалку од 50 милиони евра.
Раководството на клубот од Рио де Жанеиро е решено да не ја пушти својата млада ѕвезда за помала сума од наваедената. За да се осигурат од предвремено заминување, само пред неколку дена го продолжија договорот на Рајан до 2028 година и ја зголемија откупната клаузула на 80 милиони евра.
Со овој потег, тие успеаја да ги одбијат сите заинтересирани страни досега. Во Васко се надеваат на рекордна продажба што би обезбедила финансиска стабилност и би ги зголемила амбициите на клубот во 2026 година.
Досега, најскапиот трансфер на клубот во заминување беше оној на Паулињо во Баер Леверкузен за 18,5 милиони евра, додека Андреј Сантос беше продаден на Челзи за 12,5 милиони. Продажбата на Рајан би ги надминала тие износи многу пати.
Рајан имаше прекрасна сезона. Со пет гола, тој беше најдобар стрелец во Купот на Бразил, а во првенството (Brasileirão) постигна 14 гола. Пред него на листата на стрелци беа само докажани играчи како Витор Роке, Де Араскаета и Каи Хорхе, што многу зборува за неговиот настап.
Годината започна одлично за Рајан, го освои Јужноамериканското првенство до 20 години со Бразил, каде што постигна два гола.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мареска: Делап и Естевао се подготвени за натпреварот против Астон Вила
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека играчите на неговиот тим, Лиам Делап и Естевао, ќе бидат подготвени за претстојниот натпревар од 18-то коло од Премиер лигата против Астон Вила.
„Естевао се врати и ќе биде достапен за натпреварот во сабота. Исто така и Делап. Двајцата играчи се вратија во тимот“, изјави Мареска на прес-конференција.
Делап го повреди рамото на 6. декември на натпреварот против Борнмут (0:0).
Мареска рече дека Кол Палмер, кој неодамна се врати во тимот откако се мачеше со повреди на препоните и прстите, е подготвен да ги одигра сите 90 минути.
„Мислам дека Кол е подготвен да игра 90 минути. Играше еден час против Евертон, а потоа играше повеќе од 70 минути против Њукасл. Се чувствува добро и мислам дека сега би можел да ги игра сите 90 минути.“
Натпреварот помеѓу Челзи и Астон Вила ќе се игра во сабота во 18:30 часот во Лондон.
„Ќе биде многу тежок натпревар, ќе мора да бидеме во најдобра форма, бидејќи Астон Вила игра многу добро. Тие имаат јасен начин на игра и се многу организирани и со и без топка. Полни се со самодоверба, но ние играме дома и ќе се обидеме да освоиме три бода“, рече Мареска.
Астон Вила е на третото место на табелата во Премиер лигата со 36 бода, додека Челзи е на четвртата позиција со 29.
Foto/ depositphotos

