Македонија
Вчера се вакцинирани 11.695 граѓани
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 446.008 граѓани, информира Министерството за здравство. Прва доза на вакцина вчера примиле 4.799 граѓани, а се вакцинирале вкупно 11.695 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 713.114 дози вакцини, а ревакцинирани се 267.106 граѓани, додаваат од здравство.
Со последните бројки 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 50% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 40% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 Арена, СЦ Борис Трајковски во Скопје“, соопштија здравствените власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Денеска без струја делови од Аеродром, Сопиште и Зелениково
Поради планирани прекини во електро снабдувањето денеска, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
– Во период од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во Тоар, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево. (општина Зелениково)
– Во период од 09.00 до 12.00 часот дел од корисниците од село Горно Соње (кај црквата) (општина Сопиште).
– Во период од 09.00 до 14.00 часот во Поликлиника Јане Сандански (општина Аеродром)
Македонија
Времен прекин на вода за жителите на улицата Васил Стефановски 16 во Скопје
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, изветсуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Васил Стефановски 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, информираат надлежните.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.