Македонија
Громот во Охрид удрил на неколку метри од брегот – повредени се 4 лица, а 9 претрпеле шок
Вчера, од удар на гром на плажата „Оревче“ во Охрид четири лица добија изгореници, а девет претрпеле шок или проблеми со слухот, соопшти охридската полиција.
Настанот се случи вчера напладне кога гром удри во езерото на неколку метри од брегот.
Од менаџерскиот тим на плажата истакнаа дека полесно поведени биле неколку гости што седеле на три до пет метри од водата.
„Во моментот на громот воопшто немаше невреме или голем дожд, па затоа ништо не навестуваше дека ќе има таков силен удар. Веднаш реагира спасувачот ангажиран од наша страна преку Црвениот крст во Охрид, а да помогнат притрчаа и некои од гостите, кои останаа присебни. За неколку минути паниката беше смирена, а неколкумина со лесни изгореници заминаа на лекарски преглед“, велат од плажата Оревче.
Со оглед на лошите временски услови, вчера на плажата немаше многу гости, а беше откажан и настапот на диџеите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

