Македонија
СДСМ: Рекордна исплата на финансиска помош за аграрот и руралниот развој

Соопштение на СДСМ
„Како одговорна водечка партија остануваме целосно посветени на навремена и директна помош и поддршка за земјоделството како клучна стопанска гранка во нашата држава.
За таа цел, од почетокот на годината исплатени се речиси 4,4 милијарди денари или над 71, 5 милион евра финансиска поддршка за земјоделците.
Досега на земјоделците, преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година, исплатени им се над 3,6 милијарди денари, или над 58 милиони евра, а над 730 милиони денари или речиси 12 милиони евра се исплатени преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.
Ова е рекордна исплата, каква што не е забележана откако постојат програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Исплатата е извршена кон сите земјоделци, без поделби и калкулации како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Остануваат да се доисплатат остатокот од субвенции за сточарите, кои во моментот се жртви на партиски интереси на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за нечесен однос кон земјоделците.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние ги зголемивме субвенциите, редовно, навремено и неселективно ги исплаќаме, а трудот на земјоделците го цениме и вреднуваме.
Продолжуваме со инвестиции во аграрот, кои значат унапредување на земјоделското производство и подобри услови за работа на сите земјоделци“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ вели дека економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДСМ

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДСМ после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа. Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула. Имаме раст на трговијата во индустријата од 6%, раст на преработувачката индустрија од 6,6%. Раст на прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар, каде имаме многу повеќе раст од домашниот. Прометот во трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 – 7,6 проценти. За краток период Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ исто така успеа да ги стабилизира буџетските приходи, и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите. Владата работи посветено со домаќински скроен буџет, се зголемија платите во клучни сектори како здравство, образование, полиција, се работи на конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста со цел подобар и поквалитетен живот на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Денес протест пред МВР поради одложеното рочиште за убиството на кучето Феликс

Денеска пред Министерството за внатрешни работи во 12 часот ќе се одржи протест поради одложеното рочиште за убиството на кучето Феликс.
Протестот го организира граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ заедно со активистички здруженија и групи за заштита на животните од држава.
-На 15 јуни во 12 часот ве повикуваме на мирен, но гласен и масовен протестен марш што ќе започне пред Министерството за внатрешни работи! Кога едно убиство — најтежок облик на кривично дело — останува неказнето, тоа е тешка повреда на правниот и на моралниот поредок во целото општество. Кога убиец останува на слобода се губи доверба во институциите (полиција, обвинителство, судство), се праќа порака дека животот нема вредност, се поттикнува култура на страв и молчење, наместо правда и одговорност, а насилството се нормализира! Кога нема казна, има повторување! Правдата не е избор, туку обврска на секое демократско и хумано општество! Феликс — симбол на добрината, верноста и кроткоста — беше брутално убиен. Феликс не беше само уште едно бездомно куче, не беше само уште една несреќна жртва! Неговото убиство не смее да помине неказнето! Правдата не дискриминира по вид. Живот е живот! Судот мора да изрече затворска казна ако сакаме и најмал зрак на надеж дека слични дела нема да се повторуваат во иднина!, велат од здруженијата.
Здруженијата бараат итно расчистување на случајот и максимална затворска казна за сторителот Љубе Крстевски како и за неговиот соучесник Бранко Билбиловски, воведување минимум од една година задолжителна затворска казна за кривичното дело убиство и мачење животни од Кривичниот законик, формирање локални (општински служби за заштита на животните), донесување закон за Комунална полиција (со полиција за животни), превентивни мерки за редуцирање на насилството врз животните и системска едукација.
Македонија
По половина час се чека на граничните премини Табановце и Богородица

На граничните премини Табановце и Богородица, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.