Регион
Меѓународната заедница ги игнорира знамињата на „Голема Албанија“ во Косово
Меѓународната заедница ги игнорира знамињата на „Голема Албанија“, кои изминативе деновиве можат да се видат низ Косово, па дури и на некои институции, пишуваат франкфуртски „Вести“.
Весникот побарал реакција од министерствата на повеќе земји откако неодамна беше објавена фотографијата од знамето поставено на Домот на културата во Дечани (на знамето се наоѓа црвена мапа на територијата на Голема Албанија на црна позадина).
Освен во општината каде на власта е партијата на Рамуш Харадинај, истата симболика била истакната и во центарот на косовската општина Витина.
„Немаме никакви сознанија за тоа дека биле подигнати знамиња на Голема Албанија на косовските државни институции или, пак, дека може да дојде до такво нешто. Сите државни институции на Косово, вклучувајќи ја и претседателката Атифете Јахјага, како и партиите кои ја формираа новата влада се посветени на независна и суверена Република Косово, која не бара никакви територијални промени. Тој став е во согласност со политичката цел за интеграција на земјата во ЕУ, со што идејата за воспоставување на Голема Албанија не е остварлива“, била реакцијата од германското министерство за надворешни работи на тврдењата на „Вести“.
Околу овие тврдења, пак, немало реакција од меѓународните претставници во Косово. Канцеларијата на ЕУ во Приштина, американската амбасада, како и амбасадите на Велика Британија и Франција не одговориле на прашања поставени пред две недели, за тоа дали истакнувањето на знамето на Голема Албанија на јавните институции може да се смета како политички чин и дали тоа ќе повлече реакции.
„Вести“ ги контактирале и министерствата за надворешни работи на државите чии територии се зацртани на мапите на тоа знаме, но одговор стигнал само од Црна Гора.
„Министерството за надворешни работи и европски интеграции го осудува секој обид, без оглед на тоа од која страна доаѓа, кој промовира ретроградни и опасни идеи од корпусот на големодржавниот и националистичкиот екстремизам. Обидот за заживување на анахроните и застарени етно-територијални концепти од претходните векови и провокации со таквите платформи објективно ја загрозуваат и забавуваат демократизацијата, внатрешната еманципација, модернизацијата но и процесот на европските ингеграции во една важна и осетлива фаза, како за секоја земја од западен Балкан, така и за регионот во целина“, изјавиле од црногорското МНР.
Од германското МНР пак потсетиле на Уставот на Косово, односно дека „во членот 1 се наведува дека Република Косово не бара никакво обединување со која и да е друга држава или дел од друга држава“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

