Црна хроника
Автомобил управуван од малолетник се судри со мотор, повредени се две лица

Шестнаесетгодишно дете, управувајќи автомобил, се судри со мотор, при што повредени се две лица.
Сообраќајната несреќа се случи вчера на крстосницата од улицата Македонско-косовска бригада и улицата Втора македонска бригада.
„Во сообраќајната незгода учествуваа патничко возило ‘форд фокус’, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с. Блаце, Скопско, и мотоцикл ‘лифан, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р. Х. (23) од Скопје. Во незгодата тешки телесни повреди добил сопатникот од мотоциклот, Џ. Х. (23) од Скопје, а телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен маж кој со молотов коктел запалил сува трева

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во СВР Куманово во 02:10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено.
„Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово. При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта“, велат од МВР.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Топ
Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Врз основа на судска наредба обезбедена од јавниот обвинител, полициски службеници вчера извршија претрес во домот на осомничениот 23-годишник во Скопје. При претресот беше пронајден еден полуавтоматски пиштол и вкупно 51 куршум со калибар 9ммPara, како и рамки и други додатоци за оружјето кое го поседувал без дозвола.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје утрово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото доколку се брани од слобода.
Црна хроника
17-годишник со „бмв“ излетал од патот во Велешко: повредени тројца малолетници

На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Бузалково, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.