Вести
Врховниот суд на САД подготвен да ја ограничи слободата на изразувањето

Врховниот суд на Соединетите држави во понеделникот бил подготвен да ја ограничи слободата на изразувањето кога станува збор особено за смртни закани преку социјалната мрежа Facebook преку рап песни.
Врховниот суд на Соединетите држави во понеделникот бил подготвен да ја ограничи слободата на изразувањето кога станува збор особено за смртни закани преку социјалната мрежа Facebook преку рап песни.
Како славниот Еминем и неговите други познати колеги, Ентони Илонис на својот профил на Facebook ѝ се заканил со смрт на жената којашто го оставила по седум години брак. „Постои еден начин како да се сакаш и илјада да се убиеш. Нема да имам мир додека твоето тело не биде во парчиња, во крв“, напиша раперот на социјалната мрежа.
Меѓутоа Ентони Илонис смета дека тие пораки имале терапевтско дејство по прекинот на бракот, како и дека немал ниту најмала намера да ја убие поранешната сопруга, како што такви намери немаат ниту другите рап пејачи чиишто текстови честопати се насилни.
Сепак, на расправата мнозинството во Врховниот суд на САД не му поверувало. Судијата Семјуел Алито изјави дека е доволно да се напише еден насилен текст, да се срочат рими, па да претендирате дека сте уметник и да бидете изземени од каков и да е судски процес.
Во текот на повеќе од едночасовната расправа, Врховниот суд дебатирал дали текстовите на Илонис се вистинска закана за којашто може да биде покренат судски процес.
Деветте судии на Врховниот суд мораат да одлучат дали ќе биде можно се’ да се напише на форумите, чатовите и другите онлајн публикации и дали по секоја цена ќе биде применуван Првиот амандман на уставот на САД кој ја штити слободата на изразувањето. Одлуката на Врховниот суд се очекува во јуни 2015 година./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.