Македонија
Нуредини: Неопходна е поддршката на развиените земји за праведна транзиција на земјите во развој

Министерот за животна средина Насер Нуредини денеска се обрати на првата сесија од Неформалниот состанок на министрите за животна средина на ЕУ во Љубљана, посветена на меѓународните климатски преговори и патот до COP26, при што ја презентираше зголемената национално определена амбиција за редукција на емисиите на стакленичките гасови за 51% до 2030 во споредба со 1991, односно нето-редукција од 82%.
Притоа, Нуредини ја истакна потребата за поддршка од страна на развиените земји за постигнување одржлив развој на помалите економии и ранливите држави како нашата, особено од аспект на постигнување праведна енергетска транзиција, јакнење на човековите капацитети и градење инфраструктура.
На денешната сесија на ЕУ министрите за животна средина, на која беа поканети и земјите кандидати за членство, се разговараше за одржувањето на лидерската позиција на ЕУ во климатската акција и се преговараше за преземање на соодветните чекори за овозможување на успешна конференција на земјите членки на Рамковната конвенција за климатски промени во Глазгов, како и конечна операционализација на Договорот од Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари.
Како што извести Царинската управа, станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки.
Делото е откриено при контроли извршени од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот е предаден на Одделението за истраги од каде против сторителите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а воедно донесени и се решенија за дополнителна наплата.
Царинската управа најави дека ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.
Македонија
Ангела Василевска избрана за нова претседателка на Универзитетското студентско собрание

Вчера во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, се одржа втората седница на Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ), на која беше спроведен изборот за нов претседател на Универзитетското студентско собрание
За претседателка на УСС УКИМ е избрана Ангела Василевска, студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета година на студискиот смер Примена на информациски технологии.
Мандатот на новоизбраната претседателка, заедно со мандатот на новиот состав на делегати, официјално започнува на 1 ноември 2025 година.
Македонија
Меџити го претстави новото кошаркарско игралиште во Гази Баба: Инвестиција за младите и енергијата на спортот

Кандидатот на коалицијата „Влен“ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави новоизграденото кошаркарско игралиште во населбата Гази Баба, оценувајќи го овој проект како конкретен чекор за развој на младите и поттикнување на спортските активности во заедницата.
„Новото кошаркарско игралиште што штотуку го изградивме ќе биде место каде што нашите деца ќе растат во духот на натпревар, тимска работа и успех. Секој постигнат кош е чекор кон самодоверба, кон соништата што започнуваат од нашите улички и водат кон големите арени,“ истакна Меџити.
Тој потенцираше дека преку овие инвестиции во спортска инфраструктура се создаваат простории кои им даваат живот на населбите и го зајакнуваат чувството на заедништво.
„Ние веруваме во младите на Гази Баба. Затоа инвестираме во спортска инфраструктура, во простории кои внесуваат живот во нашите маала, во проекти кои ја прават населбата посилна и поубава. Ова е Гази Баба – активна, жива, со позитивна енергија и со визија за иднината. Ова е нашата политика: да градиме, да развиваме и да им овозможиме на сите деца да растат со достоинство и страст. Кошаркарското игралиште е само почеток. Големата победа е онаа на Чаир,“ потенцираше кандидатот на ВЛЕН, Изет Меџити.