Спорт
„Јунајтед груп“: Вучиќ не ја говори вистината, понудивме 35 милиони евра за Премиер лигата
Александар Вучиќ, кој вчера се разоткри како главен стратег на компанијата Телеком Србија и како некој кој учествувал во преговорите за купување на правата за Премиер Лигата на страната на Телеком Србија. Овојпат нема да му се обраќаме како на Претседател на Србија, туку како на конкурент на пазар, велат од Јунајтед груп.
Во продолжение интегрално го пренесуваме соопштението:
Го повикуваме Александар Вучиќ да ги покаже документите и да ги докаже своите тврдења дека Јунајтед Груп понуди повеќе пари во првиот круг, но Телеком победи во вториот круг. Граѓаните на Србија на тој начин ќе се уверат дека или Вучиќ не ја кажува вистината дека учествувал во преговорите и не ги знае точните цифри или навистина учествувал и ги знае сите детали, но сепак не ја кажува вистината. Во двата случаи, Александар Вучиќ ги излажа и измами сите граѓани на Србија.
Што е тоа што е вистина и што ниедна лага на лицето Александар Вучиќ не може да ја негира? Точно е дека Јунајтед Груп има најуспешни резултати од кога постои и тоа во првите шест месеци од 2021 година. Точно е дека ЕБИТДА на компанијата е двапати поголема од Телеком Србија (консолидирана). Точно е дека во последните три години остваривме деловен раст од 300 проценти. Точно е дека имаме 14.365 вработени луѓе, во осум земји на кои никогаш не им доцнела платата. Точно е и дека секогаш мислиме и на другите и сме помагале кога е најтешко донирајќи милиони евра во регионот, а посебно во Србија, но тие информации по наредба на власта се цензурирани.
Она што е исто така вистина е дека дури и како успешна компанија – Јунајтед Груп, како лидер во телекомуникациите и медиумите во Југоисточна Европа не може да понуди повеќе од 35 милиони евра по сезона, за преносни права на Премиер Лигата за пазарот на поранешна Југославија. И таа бројка беше преголема и нереална и условена од нелегалната конкуренција на државниот и приватниот капитал, што е апсолутно невозможно и забрането во земјите на Европската Унија. Србија исто така го потпиша, но не го применува истиот закон. За жал, како што се очекуваше, имаме во предвид дека Телеком и нивниот менаџер Вучиќ секојдневно кршат бројни закони на Србија.
Јунајтед Груп ќе се жали до сите релевантни институции во Србија и Европската Унија. Уште една година имаме право да пренесуваме натпревари од Премиер лигата на каналот
Спорт клуб. Премиер лигата има свои внатрешни правила за правично однесување, особено во областа на финансирањето. Убедени сме дека се уште ништо не е конечно со правата за англиската Премиер лига.
Го покануваме нашиот “конкурент” Вучиќ да ги докаже своите тврдења јавно и документирано, а познато е дека тој сака да прикажува разни документи и фотографии на телевизија. Ако е охрабрен да ги покаже документите, нека им објасни на граѓаните на Србија и дали е вистина дека Телеком Србија плати неколку пати повеќе за спортски преноси во споредба со претходните цени:
● За ТВ-преносите на италијанската фудбалска лига, чија цена порано беше 5 милиони евра годишно, Телеком плаќа 23 милиони евра годишно според новиот договор;
● Шпанската фудбалска лига, која чинеше 8,5 милиони евра по сезона, според новиот договор Телеком плаќа 14 милиони евра;
● Француската фудбалска лига, чиишто ТВ права изнесуваа 800.000 евра годишно, Телеком сега плаќа 6 милиони евра по сезона;
● Преноси од натпреварите во Лигата на шампионите, чија цена порано беше 18 милиони евра годишно, според новиот договор Телеком плаќа 45 милиони годишно;
● Тие плаќаат 8 милиони евра за Фудбалската лига на Србија, што е исто така двојно поголема сума на пари отколку порано и така во многу спортови и различни лиги Телеком се одлучи за стратегија за плаќање на многу повисоки цени, сè до Премиер лигата за што тие понудија 10 пати поголема сума претходно платена од Јунајтед Груп.
Можеби менаџерот на Телеком Србија, Александар Вучиќ, знае како 3.500.000 гледачи на Арена Спорт во регионот ќе успеат да платат за сето тоа, бидејќи цената што ја наплатува операторот е под 2 евра по корисник за спортски канали. Дали менаџерот Вучиќ свесно прифати дека Телеком однапред прави минус од 150 милиони евра годишно само за спортски права? Дали граѓаните на Србија ќе ја плаќаат таа разлика? Конкурентот Вучиќ би можел да го праша претседателот на Србија. Можеби тој знае.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

