Македонија
Регистрирани нови 36 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на Ковид-19, од кои во Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2 и по еден во Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кочани и во Кичево.
Регистрирани сe и 12 оздравени пациенти, и тоа: од Тетово – 5, Скопје – 4, Битола – 2 и еден од Свети Николе.
Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти.
Направените 3.569 теста се преку: ИЈЗ – 78, ЦЈЗ Скопје – 41, ЦЈЗ Битола – 47, ЦЈЗ Прилеп – 42, ЦЈЗ Тетово – 23, ЦЈЗ Куманово – 40, Судска медицина – 2, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 5, Институт за микробиологија – 21, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 64, „Авицена“ – 286, „Биотек“ – 139, „Систина“ – 73, лабораторија „Лаор“ – 229, „Синлаб“ – 23, „Ремедика“ – 13, „Плодност“ – 22, „Генеа“ – 9, „Никоб лаб“ – 672, „ВФВ медикал“ – 56, „Ели медика“ – 17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.666.
Досега во земјата се направени вкупно 944.747 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 265.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68.789, Активни 97
Куманово 8.910, Активни 29
Прилеп 8.330, Активни 3
Тетово 7.359, Активни 81
Битола 6.310, Активни 0
Велес 5.475, Активни 1
Гостивар 5.202, Активни 19
Кавадарци 5.156, Активни 1
Охрид 5.023, Активни 4
Штип 4.964, Активни 4
Струмица 4.127, Активни 4
Струга 2.985, Активни 4
Кочани 2.795, Активни 3
Кичево 2.605, Активни 8
Гевгелија 2.196, Активни 1
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.525, Активни 0
Ресен 1.234, Активни 0
Крива Паланка 1.227, Активни 0
Радовиш 1.161, Активни 0
Берово 1.032, Активни 1
Делчево 973, Активни 0
Дебар 947, Активни 5
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, обвини СДСМ.
Според партијата, тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија.
„Со оваа неспособна Влада: пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува, Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година. Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места“, велат од СДСМ.
Од таму обвинија дека ова се последици од владеењето на Мицкоски и дека се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик, а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа.
Македонија
Регионална иницијатива за превенција од пожари на Западен Балкан

Во услови на зголемени ризици од пожари, започна регионална иницијатива за подигање на свеста за управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан. Иницијативата, поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да го поттикне интегрираното и одржливо управување со екосистемите, наместо традиционалниот пристап што се фокусира исклучиво на гаснење.
Пожарите оставија сериозни последици врз природата, економијата и животот на граѓаните, а над 90% од нив се предизвикани од човечка невнимателност — факт што укажува дека превенцијата е клучна.
Преку интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и активности на терен, иницијативата тежнее да создаде предели и заедници отпорни на пожари.
„Природата е наша заедничка одговорност. Со здружени напори можеме да постигнеме нула пожари предизвикани од човечки фактор,“ велат од Министерството.
Македонија
Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат од компанијата „Мирана“ преку официјално соопштение.
Од ударот се оштетени дел од просториите на „Биокосмос“ и, како што посочуваат од таму, тие привремено ќе бидат надвор од употреба додека не се санира штетата.
Фабриката „Мирана“, која се наоѓа во истиот индустриски комплекс, не била зафатена од пожарот и производствениот процес таму продолжува непречено.
Во пожарот нема повредени лица.
Центарот за управување со кризи претходно денес информира дека пожарот бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите на ЦУК, огнот зафатил магацински простор со фрижидери и канцеларии со документација, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.
Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.