Спорт
„Инцидентот во Силверстон не кошта 1,5 милиони евра“

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, говорел за инцидентот што се случи на трката за Големата награда на Велика Британија, во кој учествуваа Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.
Хамилтон и Ферстапен имаа дуел од почетокот на трката, а во деветтата кривина, сојде до контакт помеѓу нивните возила, по што Ферстапен излета од патеката и се заби во заштитната ограда.
Хорнер рекол дека тој инцидент може да има големи финансиски последици по Ред Бул.
„Вкупните трошоци што ги предизвика судаиот ќе бидат околу 1,5 милиони евра, што претставува еден отсто од нашиот вкупен буџет. И тогаш и сега мислам дека Хамилтон доби блага казна. Мислам дека имамме доволно аргументи да се жалиме на таа одлука, бидејќи имаме докази“, рекол Хорнер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси не е сигурен дека ќе игра на Светското првенство

Лионел Меси даде изјава што изненади многумина по победата против Венецуела (3:0), во претпоследното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство..
Дуелот со Венецуела беше последен за Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика, а по натпреварот, ја загрижи домашната јавност.
Имено, Меси сè уште не е сигурен дали ќе настапи на претстојното Светско првенство.
„Со години ја имав наклонетоста на Барселона, а мојот сон беше да го имам тоа и овде, во мојата земја, со мојот народ. Ќе ги паметам добрите работи. Мислам дека нема да играм, поради моите години – најлогично е дека нема да бидам на Светското првенство. Ќе се водам според тоа како се чувствувам. Се обидувам да бидам искрен со себе. Не сум донел одлука, но ќе размислам внимателно“, рече Меси по натпреварот.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Уругвај, Колумбија и Парагвај се пласираа на СП 2026

Покрај Аргетнина, Бразил и Еквадор, пласман на Светското првенство во 2026 година во текот на ноќта, а во пресрет на последното коло во јужноамериканските квалификации изборија Уругвај, Колумбија и Парагвај.
Уругвај го победи Перу со 3:0 со головите на Агире во 14., односно Де Араскаета во 58. и Вињас во 80.минута.
Со ист резултат Колумбија забележа триумф во дуелот со Боливија. Џејмс Родригез во првото, односно Кордоба и Кинтеро 83 во второто полувреме ги постигнаа головите.
Парагвај и Еквадор одиграа меч без многу возбудувања без голови, но и двете репрезентации изборија место на Мундиалот.
Во последното коло Венецуела и Боливија ќе играат за седмата позиција и место во Интерконтинеталниот бараж.
Венецуела е во предност, има бод повеќе и дуел на дмашен терен со Колумбија, додека Боливија мора да го победи Бразил и да чека кикс на Венецуела.
Foto/ EPA
Спорт
Играч на Милан од 15 милиони евра на заем во Динамо Загреб

Најтрофејниот хрватски клуб, Динамо Загреб, на спектакуларен начин го заврши преодниот рок. Трансфер периодот во Хрватска заврши синоќа на полноќ, а Динамо објави дека во клуботќе пристигне Исмаел Бенасер.
„Модрите“ останаа без титулата минатата сезона, поради тоа решија да направат силен тим. Динамо го обезбеди потписот на поранешниот фудбалер на Милан, Исмаел Бенасер.
Алжирскиот репрезентативец доаѓа на „Максимир“ на позајмица со опција за откуп. Бенасер не беше во плановите на Милан за оваа сезона, а голем подвиг за Динамо е што успеаја да го потпишат и покрај тоа што нема да играат во Лигата на шампионите оваа сезона.
Исто така, од „Максимир“ беше потврдено дека е постигнат договор и дека Бенасер кога ќе ги помине лекарски прегледи ќе потпише за клубот:
„Со големо задоволство објавуваме дека алжирскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер, ќе го засили ГНК Динамо! Динамо и Милан постигнаа договор за едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот. Бенасер доаѓа во Загреб, каде што ќе помине лекарски прегледи пред официјалното потпишување на договорот“, се наведува во соопштението од Динамо.
Бенасер во 2019 година за 16 милиони евра од Емполи се пресели во Милан. Одигра 137 натпревари за Милан, а во 2022 година го освои Скудетото со „росонерите“. Претходната сезона ја помина на позајмица во Марсеј. Неговата моментална пазарна вредност се проценува на околу 15 милиони евра.
Фото/ Принтскрин