Спорт
Американец со албански пасош пристигна во КК Партизан

Американецот со албански пасош, Далас Мур, потпиша договор со кошаркарскиот клуб Партизан. Мур ќе го носи црно-белиот дрес во сезоната 2021/2022.
Далас Мур минатата сезона играше во Кина, во екипата на Гавнгџо. Во кинеската лига имал просек од 26,3 поени и 5,6 асистенции на натпревар.
Мур кариерата ја започнал на универзитетот Норт Флорида, во Европа играл за Нантер и Торино. Во Еврокупот, во кариерата, има просек од 16,3 поени и 2.7 асистенции на натпревар.
За репрезентацијата на Албанија настапува од 1.јули 2018 година.
Далас Мур е петтото засилување на Партизан, во пресрет на новата сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувентус го договори Жегрова и го испрати Гонзалес во Атлетико

Јувентус, во финишот на преодниот рок обезбеди важно засилување. Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус. Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес.
Косовскиот репрезентативец пристигнува од француски Лил, каде што играше претходните три сезони и се профилираше како еден од најдобрите играчи во Лига 1 на позицијата офанзивен играч за врска.
Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, Канаѓанецот Џонатан Давид, кој исто така им се придружи на Бјанконерите ова лето, но како слободен играч.
Италијанските медиуми објавуваат дека Јувентус ќе му плати 15 милиони евра на Лил
За репрезентацијата на Косово досега одигра 42 натпревари и постигна пет гола.
Исто така, на претпоследниот ден од преодниот рок, раководството на „старата дама“ ја прифати понудат од Атлетико за Аргентинецот, Нико Гонзалез.
Сезонава, Нико ќе настапува како позајмен играч во Атлетико. Клубот од Мадрид ќе плати еден милион евра за позајмицата.
На крајот од сезоната, во завосност од настапите, Атлетико ќе може да го откупи договорот на Аргентинецот за за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Шок во Милано, Удинезе го победи Интер

Вицепрвакот на Италија и Европа, Интер доживеа шокатнтен пораз на „Џузепе Меаца“ во второто коло, во Серија А. Удинезе победи со 2:1.
Интер поведе во 17-та минута со голот на Дензел Дамфрис по додавањето на Маркус Турам.
Во 26-та минута, Дамфрис играше со рака во шеснаесетникот. Во првиот момент, судијата покажа дека нема пенал, но доби сигнал од ВАР собата. Откако ја провери снимката, ја промени својата одлука. Кенин Дејвис беше прецизен во 29-та за 1:1.
Во 40-та минута, Артур Ата прими одлична топка на работ од шеснаесетникот и брилијантно постигна гол за водство на гостите.
Мрежата на Удинезе се тресеше во 56-та минута, но по проверката на ВАР, голот на Федерико Димарко беше поништен поради офсајд.
Подоцна, Интер имаше одлична можност преку Турам, но не успеа да освои барем бод на овој натпревар.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI
Спорт
(Видео) Влаховиќ за победа на Јувентус во Џенова
Фудбалерите на Јувентус ја победија Џенова на гостински терен во второто коло од Серија А со 1:0.
Единствениот стрелец беше српскиот фудбалер Душан Влаховиќ во 73-та минута, на асистенција на неговиот сонародник Филип Костиќ.
Јувентус изгледаше лошо во поголемиот дел од натпреварот, се мачеше да создаде шанса, па Џенова лесно ги одбиваше нападите на противникот.
Клучен момент беше 70-минута кога тренерот Игор Тудор на теренот ги испрати Влаховиќ и Костиќ. Три минути подцна српската врска му ја донесе победата.
Во следното коло Јувентус го очекува големото дерби против Интер.
Foto/ corriere.it