Македонија
Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје
Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје – 12, Велес – 3, Гостивар, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Свети Николе и Делчево – по 1.
Регистрирани сe 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Кичево – 2 и Тетово, Струмица и Берово – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се 4.264 тестови преку: ИЈЗ-96, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-223, Биотек-166, Систина-103, лабораторија Лаор-443, Синлаб-49, Ремедика-16, Плодност–51, Генеа–6, Никоб лаб-905, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.880.
Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68801, Активни 104
Куманово 8910, Активни 29
Прилеп 8332, Активни 5
Тетово 7372, Активни 93
Битола 6310, Активни 0
Велес 5478, Активни 4
Гостивар 5204, Активни 21
Кавадарци 5156, Активни 1
Охрид 5024, Активни 5
Штип 4964, Активни 4
Струмица 4129, Активни 5
Струга 2985, Активни 4
Кочани 2795, Активни 3
Кичево 2605, Активни 6
Гевгелија 2196, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1526, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1161, Активни 0
Берово 1032, Активни 0
Делчево 974, Активни 1
Дебар 947, Активни 5
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

