Спорт
Металург се засилија со Абдула Мане
Французинот Абдула Мане, е најновото засилување за ракометниот клуб Металург. Левиот бек со Металург потпиша двегодишен договор.
Мане (25), во Металург пристигна од екипата на Дижон. Претходно настапувал и во Безансон, Белфорт и Мулхаус и беше најдобар стрелец на Про лигата, односно втората француска лига.
По браќата Њокас, Мане е третиот француски ракометар во редовите на Металург. нашите редови и е седмото засилување на Металург за претстојната сезона.
Покрај Мане, браќата Њокас и Португалецот Рибеиро, Металург го засилија и пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чупо-Мотинг се сели во САД, повторно без обсштетување
Камерунецот Ерик Максим Чупо-Мотинг (35) кариерата ќе ја продолжи во САД, пренесува „Скај Спорт“. Чупо-Мотинг, кој моментално е без клуб, ги минал лекарските прегледи во Њујорк Ред Булс во МЛС лигата.
Според овој извор напаѓаќот потпишал две годишен договор, а соработката официјално ќе започне на 1.јануари 2025 година.
Последен клуб на Чупо-Мотинг му беше Баерн, но германскиот фудбалски гигант по завршувањето на сезоната реши да не му понуди нов договор.
Чупо-Мотинг е посебен по тоа што за него никогаш не е платено обсштетување, а долга е листата на клубови за кои настапувал: ХСВ, Нирнберг, Мајнц, Шалке, Стоук сити, ПСЖ и Баерн. Јасно е дека како слободен игра се сели во САД.
За репрезентацијата на Камерун забележа 73 настапи и постигна 20 гола.
Спорт
Кафелников: Срамота е ова што се случува во денешниот тенис
Оние кои најдолго беа број еден во светот беа позитивни на допинг тест оваа година. Ова никогаш досега не се случило во историјата на белиот спорт. Јаник Синер на првото место го замени Новак Ѓоковиќ кон средината на јуни, Ига Швионтек беше на врвот до крајот на октомври. И наместо цел свет да ги слави за нивните феноменални резултати, облак од сомнеж виси над главите на Синер и Швионтек.
„Вистинскиот срам е она што се случува во денешниот тенис“, беше еден од првите кои остро реагираа на синоќешното откритие дека четирикратниот шампион на Ролан Гарос е суспендиран на еден месец откако беше позитивен на тестот во Синсинати.
Најдобриот руски тенисер на сите времиња си направи саркастична шега:
„Понекогаш се прашувам зошто не земав стероиди во текот на мојата кариера за да можам да играм 300 натпревари годишно наместо 170“.
Денис Шаповалов, кој исто така беше многу критичен кон Синер, сега го крена гласот за третманот што го доби Швионтек:
„Не е фер Симона Халеп и другите да добиваат долги казни за слични ситуации. Мило ми е што правилата ќе се сменат затоа што сега тоа не е фер. Микаел Имер се уште е суспендиран иако никој немал позитивен тест“, се присетува на случајот со шведскиот тенисер.
Ева Лис, 133-та тенисерка во светот од Германија, ги посочува двојните стандарди во процесот што го помина низ Синер и Швионтек:
„Што е со Тара Мур, која доби една година за загадено месо во Јужна Америка? Зошто не добива суспензија од еден месец. Почнувам да мислам дека не сите добиваме ист третман. Има многу послабо рангирани тенисерки кои не добиваат ист третман како најдобрите тенисерки. Не велам кој е виновен или не, само велам дека сите треба да имаме исти услови“.
Ова се само првите реакции, а нема сомнеж дека ќе има уште многу во наредните денови.
Спорт
(Видео) Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос
Инцидент го обележа крајот од натпреварот меѓу Партизан и Олимпијакос во Евролигата. Партизан победи со 78:70, а инцидентот се случи по завршувањето на натпреварот.
Тренерот на гостите Јоргос Баркокас беше турнат од еден навивач на Партизан кој влезе на теренот. Во тој момент настана мешаници, но се брзо заврши.
„На крајот од натпреварот, овој навивач на Партизан дојде до центарот на теренот и го нападна тренерот на нашиот тим. Олимпијакос веднаш го извести комесарот на натпреварот и Евролигата за овој неверојатен инцидент“, соопшти Олимпијакос.
Барцокас го коментираше инцидентот на прес конференцијата.
„Тоа е проблем на Евролигата. Еден од помошните тренери на Партизан цело време и доврлаше на нашата клупа. Немам проблем со Тајрик, туку со него, а потоа ме турна навивач”, изјави Баркокас.
Tension at the end of the game Partizan vs Olympiacos between Tyrique Jones and coach Bartzokas pic.twitter.com/VHMy2A2Jcb
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) November 28, 2024