Спорт
Маестрален настап на Давид Малинковски на тркачката патека во Гробник
· Македонските TWINGO CUP претставници во ТОП 10 на првата трка одржана на тркачката патека во Гробник.
Во конкуренција на 32 возачи – 7 Mакедонски натпреварувачи на Twingo CUP имаа фантастичен настап на тркачката патека во Гробник, Хрватска.
За првото место на подиумот се избори Давид Малинковски со тајминг од 02:01.970, втор беше Владимир Тренески со 02:01.969, додека пак трет – Мартин Костовски со 02:04.588.

За прв пат се одржа Twingo CUP со најголем број на учесници што ја направи трката една од најдобрите досега, полна со возбуди и адреналин и фантастични поминувања помеѓу возачите.
“За влакно” ни побегна подиумот во генералниот пласман од причини што во последниот круг Давид Малинковски од 6-то место успеа да стигне на 3-та позиција на два свиоци пред крајот на трката влегувајќи во заветнина, со што добива повеќе моќ возилото, па многу големи беа шансите да заврши прв на пиедесталот. Но, еден од учесниците од купот излета, се преврте на кров при што беше дигнато црвено знаме на патеката и со тоа трката беше прекината. По правилата на ФИА се земаат резултатите од последниот круг каде Малинковски беше 6 – то пласиран.

Пласманите на останатите натпреварувачи се: Ангелче Стојковски (22), Слободан Трајковски (23), Марко Блажевски (24) и Зоран Мираковски (26).
За кратко време нашите млади и надежни возачи заедно со АКК Рено Спорт успеаа да се искачат на врвот во авто спортот и достоинствено да ја престават нашата држава.

Со овој триумф на Малинковски веќе го засема првото место во генералниот пласман со 62 бода.
Втората трка е закажана за утре (25.07.2021 – Недела) во 13:55 часот. Истата ќе биде пренесувана во живо на следниот линк: ESET CUP Grobnik 2021 – TCR // Twingo Cup // Endurance // Saturday – YouTube
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клоп негира дека е кандидат за тренер на Реал
Легендарниот германски стручњак Јирген Клоп повторно мораше да одговори на гласините за неговото преземање на Реал Мадрид.
Откако Чаби Алонсо беше отпуштен, германските медиуми во неколку наврати истакнуваа дека Клоп е фасциниран од големината на Реал Мадрид и дека тоа е единствениот клуб по Ливерпул што не може да одбие.
Сепак, Клоп ги негира овие наводи, иако не може да гарантира дека нема да се предомисли во иднина.
„Дали сум возбуден затоа што Реал Мадрид е заинтересиран за мене? Не, затоа што тие навистина не покажаа интерес, тоа е само медиумски „хајп“. Јас сум доследен и нема да го сменам мислењето преку ноќ. Секако, никогаш не можам ништо да гарантирам и целосно да го отфрлам, но имам 58 години и сум среќен таму каде што сум“, рече Клоп, кој го води фудбалскиот проект на Ред Бул..
Многумина веруваат дека Флорентино Перез ќе продолжи да врши притисок врз Јирген Клоп во наредните месеци и дека Германецот е апсолутен приоритет по неуспешниот експеримент со Чаби Алонсо.
Foto/ depositphotos
Спорт
Милосављев ја остави Србија во игра за вториот круг, Хрватска со една нога е во главната фаза
Србија не успеа да ја победи Австрија, во последното коло во групата, загуби со 25:26. Србите сега навиваат за Шпанија, доколку „црвента фурија“ ја победи Германија, Србите одат понатаму, во спротивно го завршија турнирот. За разлика од Србија, Хрватска не дозволи изненадување, ја победи Холандија со 35:29 и доколку вечерва не се случи мега сензација, Шведска да не слави против Грузија, Хрватите се во следната фаза.
Србија и Австрија одиграа тежок меч, со многу борба и впечатокот е дека Австријците имаа повеќе сила во завршницата.
Речиси во текот на целиот натпревар се играше гол за гол. Неколуку пати имаа и едните и другите по два гола предност, но ниту една од селекции не успеа да се одлепи.
На 10 минути до крајот Австрија прв пат стекна предност од три гола, но Србите не се предадоа, благодарение на Пешмалбек кој постигна два гола кога беше најпотребно и голманот Милосављев, кој му одбрани пенал на Билик на 30 секунди до крајот, Србите г задржаа шансите за место во главната фаза.
Кај Србија блескаше Милосављев со 13 интервенции, Немања Илиќ беше најефикасен со шест гола (сите во првото полувреме), Додиќ постигна четири, Којадиновиќ, Пешмалбек и Ѓукиќ по три.
Голманот Мостл ја предводеше Австрија со 12 интервенции, а најефикасен беше Вагнер со шест гола.
Хрватска ја победи Холандија со 35:29 во второто коло од Европското првенство и се приближи до пласман во вториот круг. За да го потврди пласманот, само треба да Шведска да не загуби од Грузија.
Хрватите имаа одредени проблеми со Холанѓаните, особено во првото полувреме, но кога влегоа во вистински ритам, лесно ја обезбедија победата.
Најдобри стрелци за Хрватска беа Иван Мартиновиќ со девет и Звонимир Срна со шест гола. Кај Холанѓаните, Рутгер Тен Велде беше најефикасен со осум гола.
Спорт
Селекторот го повика Ојлески да ѝ се приклучи на репрезентацијата
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во пресрет на мечот со Романија, на Европското првенство, го повика Гоце Ојлески.
Селекторот, мораше да реагира по повредите на Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов. Повкот го доби 36-годишникот од ГРК Охрид, кој инаку беше на поширокиот список на Лазаров.
Инаку, Атанасијевиќ се повреди во првиот натпревар шротив Данска, а Џонов вчера против Португалија.
Макеоднските ракометари, утре од 18 часот ќе играат против Романија.
Foto/ EPA

