Македонија
Почнува вакцинирањето во домашни услови
Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за Ковид-19 може да закажат вакцинирање во домашни услови.
Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да се направи и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација.
Министерството за здравство ги објави броевите на кои може да се закаже вакцинацијата со домашна посета:
Здравствен дом Берово – 077 865 827 закажување од 12 до 14 часот;
Здравствен дом Битола – 075 263 886 закажување од 17 до 18 часот;
Здравствен дом Валандово – 078 453 381 закажување од 11 до 13 часот;
Здравствен дом Вевчани – 078 436 932 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Велес – 078 222 257 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Виница – 078 217 007 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Гостивар – 071 769 009 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Делчево – 076 487 611 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Демир Хисар – 075 662 469 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Кичево – 075 613 451 закажување од 08 до 10 часот;
Здравствен дом Кратово – 078 321 038 закажување од 08 до 14 часот;
Здравствен дом Крива Паланка – 076 311 120 закажување од 09 до 11 часот;
Здравствен дом Крушево – 078 315 487 закажување од 12 до 13 часот;
Здравствен дом Куманово – 075 239 148 закажување од 08 до 13 часот;
Здравствен дом Македонски Брод – 045 274 151 закажување од 10 до 15 часот;
Здравствен дом Неготино – 072 270 402 закажување од 09 до 10 часот;
Здравствен дом Охрид- 071 366 564 закажување од 12 до 14 часот:
Здравствен дом Пехчево – 071 229 354 закажување од 12 до 13 часот;
Здравствен дом Прилеп – 078 313 625 закажување од 08 до 12 часот;
Здравствен дом Пробиштип – 071 581 719 и 071 366 186 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Радовиш – 070 357 770,078 319 452 закажување од 13 до 14:30 часот;
Здравствен дом Ресен – 070 290 017 закажување од 12 до 14 часот;
Здравствен дом Ростуше – 078 241 071 закажување од 09 до 13 часот;
Здравствен дом Скопје – 02 3134 629 закажување од 12 до 14 часот;
Здравствен дом Свети Николе – 075 402 365 закажување од 13 до 14:30 часот;
Здравствен дом Струга – 077 665 590 , 076 243 403 закажување од 08 до 12 часот;
Здравствен дом Струмица – 034 321-380 закажување од 09 до 13 часот;
Здравствен дом Тетово – 078 330 185 закажување од 08 до 15 часот;
Здравствен дом Штип – 078 345 273 закажување од 08 до 15 часот;
Здравствен дом Македонска Каменица – 075 228 526 закажување од 13 до 14 часот;
Здравствен дом Гевгелија – 075 276 974 закажување од 10 до 12 часот;
Здравствен дом Дебар – 077 978 903 закажување од 09 до 12 часот;
Здравствен дом Кавадарци – 072 250 330, 076 218 169 закажување од 08 до 10 часот:
Здравствен дом Кочани – 078 811 604 закажување од 13 до 14 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДОМ: Дислокација на цементарницата Усје преку јавно-приватно партнерство
Зелената партија ДОМ предлага воведување на моделот „Зелен урбан трансфер“ како стратешко решение за дислокација на цементарницата, без никакви трошоци за државниот буџет, се наведува во соопштението на партијата.
Според ДОМ, досегашните тврдења дека дислокацијата на цементарницата е „невозможна мисија“ се резултат на застарени економски пристапи. Партијата посочува дека во светот веќе со години се применуваат модели со кои тешките индустриски зони се трансформираат во нови, еколошки урбани четврти, без директно оптоварување на државните финансии.
Клучот на предложениот модел е принципот „вредност на земјиштето наместо државен буџет“. Наместо државата да ја финансира дислокацијата, се предлага пренамена на земјиштето на Усје од индустриска зона (Г) во станбено-деловна зона (А и Б). Со ваквата одлука, вредноста на парцелата значително се зголемува, а инвеститорот, односно сопственикот, добива можност да развие модерен „Smart City“ комплекс. Приходите од продажбата на недвижностите, според ДОМ, би се користеле за изградба на нова, целосно еколошка фабрика на соодветна, подалечна локација.
Бидејќи процесот на дислокација може да трае од пет до седум години, од ДОМ бараат Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање веднаш да воведат преоден режим во А-интегрираната дозвола, со најстроги еколошки стандарди. Меѓу барањата се итна инсталација на филтри од последна генерација за целосна елиминација на цврстите честички PM10 и PM2.5, како и системи за десулфуризација и денитрификација за намалување на емисиите на сулфур диоксид и азотни оксиди.
Партијата предлага и задолжително воведување на системи за вбризгување активен јаглен и вреќасти филтри, со цел целосна неутрализација на диоксините и фураните, нагласувајќи дека на тој начин ќе се спречи испуштање канцерогени материи во воздухот за време на транзицискиот период. Дополнително, ДОМ бара 24-часовен јавен дигитален мониторинг, при што податоците од оџаците би се емитувале во живо на веб-страницата на Министерството и на јавни екрани во општина Кисела Вода.
Во соопштението се осврнуваат и на решавањето на еколошкиот товар од ОХИС и Пеленица, при што се предлага чистењето на линданот да се финансира преку меѓународни развојни грантови и концесиски модели. Според ДОМ, приватен партнер би можел да добие право на стопанисување со исчистениот простор, во замена за целосна ремедијација на почвата.
Од партијата порачуваат дека Скопје заслужува чист воздух, а индустријата треба да се развива надвор од градското јадро. Со моделот „Зелен урбан трансфер“, како што наведуваат, сопственикот на „Усје“ добива нов капитал, а граѓаните – подобри услови за живот. Истовремено, преку новиот Генерален урбанистички план, градот би го насочил своето стратешко ширење кон нова, еколошки уредена четврт, додека би се намалил притисокот од прекумерна урбанизација и бетонизација во веќе преоптоварените централни и западни делови на Скопје.
Македонија
Тошковски денеска на Пониква ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители кои традиционално во овој период престојуваат во зимското одморалиште на МВР на Пониква.
-Имав чест на заеднички ручек да поминеме време заедно, во искрена и топла атмосфера, да поразговараме на повеќе теми. Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи, синови во одбрана на татковината, посочува Тошковски во објавата на својот Фејсбук профил.

Министерот нагласува дека жртвата на загинатите бранители не смее и нема да биде заборавена.
-Таа за нас претставува аманет и трајна обврска, секогаш да бидеме покрај нив, да им даваме поддршка, да ги почитуваме и да одговараме на нивните потреби во рамките на надлежностите што ги имаме, вели Тошковски.
Македонија
Минималната плата не го покрива ни основното преживување, велат од СДСМ
Од СДСМ порачаа дека платите на работниците мора да се зголемат веднаш, а не по најави и проекции за две или четири години, оценувајќи дека актуелната економска политика не одговара на реалните животни трошоци и секојдневните потреби на граѓаните.
„На работниците не им требаат изговори ниту најави за 2028 година. Платите треба да се покачат сега, затоа што парите не им стигаат од први до први“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека животниот стандард е сериозно загрозен, а минималната плата не обезбедува основна егзистенција.
Од партијата реагираат и на изјавите и настапите на премиерот Христијан Мицкоски, прашувајќи дали тој чекал две години кога купувал часовници во вредност од 65.000 евра, додека работниците се принудени да преживуваат со примања што не ги покриваат ниту основните трошоци.
Според последните податоци, минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари 2026 година изнесувале 66.413 денари, што, како што посочуваат од СДСМ, значи дека ниту две минимални плати не се доволни за покривање на основните потреби. Со сегашното ниво од околу 400 евра, минималната плата, според опозицијата, не обезбедува заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците во едно просечно домаќинство.
„Работниците буквално се борат за парче леб и не можат да чекаат до 2028 година“, велат од СДСМ, оценувајќи дека Македонија денес има најниска минимална плата не само во регионот, туку и во Европа.
Во реакцијата се споредуваат и состојбите во соседството. Во Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази, во Албанија од 1 јануари 2026 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, во Србија со владина одлука е зголемена на 500 евра, додека во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра.
СДСМ предупредува дека последиците од ниските плати веќе се видливи, со масовно заминување на квалификувани работници и млади луѓе во странство, додека во земјата се увезува работна сила. Според партијата, ваквите политики водат кон дополнително намалување на вредноста на трудот, доколку тоа, како што наведуваат, не е и свесна цел на актуелната власт.

