Македонија
(Видео) Арсовски: Пресудата за 27 април е неоснована, судиите кои му слугуваат на Заев наскоро ќе треба да дадат одговори

Денешната одлука на судот за 27 април е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев и целосно ја сруши демократијата во државата, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Ваквата пресуда не е ништо друго туку продолжување на праксата на власта да се изживува со судбини, во случајот со лица кои во постапката покажаа дека се невини, а судот пресудителната одлука ја темели само на исказ на човек со дебело криминално досие. Целата пресуда се темели на исказот на Александар Василевски – Нинџа, човек со дебело криминално досие, што го потврди и судот. Судот верува во човек со криминална историја. А, во случајот ‘Рекет’ за исказите на Бојан Јовановски кои што ја компромитираат обвинителката Русковска, Љубомир Јовевски кажа дека судот не ги зема во предвид исказите на лица чиј наводно кредибилитет бил сомнителен“, нагласи Арсовски.
Партискиот портпарол предупреди дека судиите и обвинителите кои, како што рече, му слугуваат на Заев треба да знаат дека брзо ќе дојде време кога ќе треба да дадат одговор за сите вакви одлуки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.