Македонија
Шилегов: Кејот 13 Ноември повторно назад кај граѓаните, реконструиран и поширок
На 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Кејот 13 Ноември, на потегот од градскиот плоштад до булеварот Стив Наумов, има целосно ново партерно уредување.
„Шеталиштето на Кејот 13 Ноември никогаш не било поубаво и никогаш не било толку полно со луѓе што со уживање ја користат ширината на овој простор. Реконструкцијата на овој дел од кејот опфати партерно уредување на површина од речиси 12.500 квадратни метри, која концептуално е поврзана со околните објекти“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Со реконструкцијата на кејот, како што информира Шилегов, е изведено целосно ново поплочување, патека за лица со инвалидитет, поставени се нови клупи, канти за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, кои целосно ги ослободуваат корените на овие дрвја, канделабри, рефлектори за осветление и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање.
„Ослободивме повеќе место за пешаците и велосипедистите преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила кои ќе може да ја користат сервисната улица лоцирана непосредно до самиот ѕид на кејот. Кејот има доволно простор за сите граѓани што го користат за прошетки, одмор и релаксација, па сѐ до бизнисите што во најголем дел се угостителски објекти со повеќегодишна традиција. Терасите што ги користат угостителските објекти сега се унифицирани и организирани се на начин што овозможува да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни дрвја со раскошни крошни“, нагласи Шилегов.
Според него, конечно е воспоставен ред на овој дел од кејот, спречени се, како што рече, самоволието и хаосот од непрописно паркирани возила, кои последните десетина години го правеа небезбедно движењето на пешаците и на велосипедистите.
„Кејот 13 Ноември повторно е полн со наши сограѓани, кои се чувствуваат пријатно тука и уживаат во благодатите што ги нуди вака уредениот простор. Денес, сеќавајќи се на жртвите на скопскиот земјотрес, во нивна чест со гордост можам да кажам дека Скопје повторно е наша радост, а Кејот 13 Ноември повторно е местото каде што таа радост најубаво се гледа“, изјави Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

