Европа
(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од чад.
Германската федерална служба за цивилна заштита и помош од катастрофи (ББК) ја предупреди јавноста да ги затвори прозорците и да остане во куќите поради страв од опасно истекување на гас.
Еден корисник „твитнал“ дека почувствувал како се тресе куќата во Бергиш Гладбах, на околу 10 километри од Леверкузен.
Апликацијата за предупредување „Нина“ ги повика луѓето од предградието Бириг да влезат во куќите и да ги затворат сите прозорци и врати, објави „Дејли експрес“.
„Експлозија во Бириг, ниво на предупредување: крајна опасност“, гласело предупредувањето.
На луѓето им било посочено да ја слушаат и локалната радиостаница и да ја избегнуваат погодената област.
Според локалните извештаи, првите индикации се дека имало експлозија во постројка за согорување отпад во Бириг. Операторите на хемискиот парк „Кемпарк“ во Леверкузен соопштија дека сè уште не е јасна причината за експлозијата.
Огромниот црн облак од чад можеле да се види и од Келн, кој е на околу 18 километри северно од Леверкузен. Пожарникарите во Келн соопштија дека во моментов нема опасност во градското подрачје.
До Келн стигнала и остра миризба, а чадот се движи кон Луценкирхен, Опладен и Рајндорф.
Fliegt in Leverkusen erst Mal die Verbrennungsanlage in die Luft…. Explosion hat man wohl bis nach Köln gehört ? pic.twitter.com/4Z4O2TuoGU
— Der Kai ? (@Kai3k) July 27, 2021
Локално радио во Леверкузен соопшти дека експлозијата се случила во 9:30 часот по локално време и дека тие не можат да испратат новинари до местото бидејќи не знаат дали има истекување на „опасни материи“.
Некои очевидци изјавиле дека големиот облак чад се издигнал над фабриката за хемиски производи на „Баер“ во Леверкузен, според западногерманскиот радиодифузер ВДР, а пренесе Devdiscourse.com.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин