Црна хроника
Митриновски се премисли – одлуката за Бајруш на Врховен била основана
Претседателот на Апелациониот суд, Јордан Митриновски се премисли, пресудата на Врховен суд со која се преиначува одлуката на Апелација да му одреди домашен притвор на Бајруш Сејдиу со гаранција од 1,4 милиони евра, била основана.
„Ја разгледавме пресудата на Врховниот суд и оценивме дека таа пресуда е основана и ние како понизок суд ќе ја почитуваме таа одлука на повисокиот суд“ изјави Јордан Митриновски, кој вели дека ова е официјален став на скопска Апелација.Иако Митриновски до вчера тврдеше дека одлуката на Врховниот суд била неоснована и незаконска, денеска не ги коментира овие ставови и вели дека тоа што го кажал биле негови лични ставови.По одлуката на Апелациониот суд обичниот притвор на кумановскиот бос, Бајруш Сејдиу да го замени со домашен притвор и гаранција, Врховниот суд ја преиначи одлуката со што Бајруш останува во притвор во Шутка, а поведе постапка и за нестручно работење за Митриновски и судијата Исмаил Лимани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

