Економија
Тасевска: Средствата за активни мерки за вработување со ребалансот на буџетот се предвидени на историски највисоки 1,66 милијарда денари
Пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска, во рамките на собраниската расправа посветена на предложениот ребаланс на буџетот за 2021 година истакна дека клучни остануваат здравјето на граѓаните, економијата со стабилни параметри и здрави финансии.
Ребалансот на буџетот за 2021 година е одраз на актуелните економски состојби во државата, со него продолжува финансискиот стимул како за компаниите така и за граѓаните до целосно враќање на економијата на патот на економскиот раст, како и инвестирањето во трајни добра, особено во реализација на капитални инфраструктурни проекти, порача Тасевска.
Таа истакна дека проекциите за приходите се направени врз основа на реализацијата на приходите за тековната година, очекувањата за економските остварувања во 2021 година, промени во даночната област, проширување на даночниот опфат, како и олеснети и поедноставени административни трошоци.
Даночните приходи учествуваат во структурата на вкупните приходи со 55,7 проценти, односно 6 милијарди денари повеќе во однос на иницијалниот буџет, нагласи Тасевска.
Таа истакна дека со предложениот ребаланс се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечкиот капитал, односно во образование, здравство и социјална заштита, што во однос на периодот пред три години е повеќе за половина милијарда евра.
За само три години, имаме зголемување на инвестициите во човечкиот капитал над 30 милијарди денари или над половина милијарда евра, нагласи Тасевска.
Таа порача дека годинава ќе ги зголемат средствата за активни мерки за вработување од 1,3 милијарда денари на историски највисоките 1,66 милијарда денари, а за споредба, во 2016 година од буџетот за оваа намена биле издвоени само 530 милиони денари или трипати пониско.
Тасевска истакна дека со ребалансот на буџетот за образование издвојуваат 28,6 милијарди денари или 3 милијарди повеќе во однос на буџетот од 2018 година, за здравство – 46,7 милијарди денари, што е 14 милијарди повеќе во однос на 2018 година, и за социјална заштита – 91,8 милијарда или 16,6 милијарди денари повеќе пред три години.
Во ребалансот на буџетот се предвидени 615 милиони денари за кредити со нула каматна стапка за најпогодените компании од кризата, кредитна гарантна шема од 300 милиони денари, формирање фонд за поддршка на извозни компании во износ од 610 милиони денари, капитални инвестиции преку ИПАРД-програмата за рурален развој од 500 милиони денари, наведе Тасевска.
Вкупната поддршка ќе обезбеди заздравување на економијата и нејзино враќање на патот на економскиот раст и достигнување на планираните стапки од 4,1 проценти, порача пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

