Македонија
(Видео) Арсовски: Дали Ден Дончев и Драги Рашковски не се прв ешалон?

Криминалот и корупцијата се во првиот ешалон и првиот ешалон на Владата се тие што треба да одговараат за целиот криминал и корупција и да одат во затвор. Криминалот и корупцијата во Република Македонија почнуваат и завршуваат со Зоран Заев, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Стејт департментот нотира висока корупција во Владата, а, пак, Зоран Заев негира. Отсуството на срам кај премиерот е доволен показател дека имаат забегано како Влада и партија и се препуштени единствено на криминал и корупција. Очигледно за Заев не е прв ешалон Ден Дончев, кого го видовме како зема неколку пачки со пари како транша за рекет и тоа на видело, јавно, целата јавност го виде. Зоран Заев негира. Очигледно за Заев не е прв ешалон Драги Рашковски со набавката на софтвери или, пак, Петре Шилегов со набавката на противпожарната скала која беше платена двојно повеќе од вредноста којашто ја плаќале другите општини низ Европа“, спомена Арсовски.
„За Заев не е прв ешалон ниту криминалот на Боро Малборо, кој како градоначалник беше фатен како се пука со полицајци и како шверцува цигари. А, не е ниту криминал ова што се случи со СЈО, со рекетирањето или, пак, она што се случува со нарачките од ЈО и пресудите на судот. Одамна е јасно во Република Македонија дека корупцијата го зазема првото место за ширење во владината програма. Одамна е јасно дека како таргет на власта се единствено луѓе кои се нивни критичари, а не оние кои навистина сториле криминал“, вели Арсовски.
Неговата оценка е дека државата е црна дупка во Европа, само затоа што, како што вели, оваа Влада е една од најкриминалните влади во светот.
Третиот ешалон е тој што ќе му пресуди на Зоран Заев, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Со двојно поголем буџет, Мицкоски сака македонските универзитети да влезат во првите 1.000 на Шангајската листа

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека буџетот за науката е двојно зголемен во споредба со минатата година, достигнувајќи околу 650–660 милиони денари.
Тој додаде дека Владата обезбедила бесплатен пристап до двете најголеми научни бази за сите истражувачи, студенти и универзитети во земјава.
„Нашата цел е да ја стимулираме науката. Очекувам младите научници да ги користат овие бази, да ги следат светските трендови и да публикуваат свои трудови“, рече Мицкоски.
Според него, со оваа поддршка, универзитетите во Македонија би можеле да се приближат кон влез во првите 1.000 на Шангајската листа во текот на овој владин мандат.
Македонија
Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на неколкумина присутни во салата, и посочи дека навивачките групи треба да ги бодрат своите тимови, без навредливи и ксенофобични пораки.
„Во текот на вчерашниот ден домаќинот а тоа беше кошаркарската федерација исто така и Општина Куманово го осудија скандирањето и ксенофобичните испади на неколкумина во салата, искрен да бидам додека бев таму, воопшто и не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група на луѓе. Но, исто така еве би сакал да ја искористам оваа прилика да се приклучам кон осудата на национализмот и ксенофобијата, најпрвин на таа што се случи за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија, а потоа и да упатам порака до сите навивачки групи да навиваат спортски, да го бодрат својот тим и националниот тим на Македонија. Тоа е она кое што оваа Влада го подржува, а сето останато ќе биде предмет на истрага и предмет на санкции, без разлика од која страна доаѓа“, вели Мицкоски.
„Уште еднаш да повторам апсолутно го осудувам ксенофобичното и националистичко скандирање на неколкумина кои што не наидоа на поддршка од страна на ниту еден од присутните во салата“, порача премиерот Мицкоски.
Македонија
Нови цени на горивата од ноќеска на полноќ

Од ноќеска на полноќ ќе има нови цени на бензините и дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,533 ден/кг и сега ќе изнесува 39,945 ден/кг.
Од 5.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,945 (денари/килограм)