Црна хроника
Скопјанец земал 90.000 денари од касата на работа и одбил да ги врати

Полицијата во скопската населба Карпош поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец со инцијали И.А, поради сомнение дека сторил кривично дело „затајување“.
Како што информираат од МВР, на 19 мај годинава, додека пријавениот бил на работното место на улица „Варшавска“ во Скопје, своеволно и без дозвола од работодавачот, од благајната на видео-лотариските терминали одзел 90.000 денари.
Подоцна, по пристигнување на менаџерот, заедно ги преброиле парите и бил констатиран кусок, по што му било побарано да ги врати парите, но работникот не го сторил тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени четири лица, украле биста од Градските гробишта во Бутел

Четири лица од Скопје се уапсени, биле фатени веднаш откако украле бронзена биста од гробиштата во Бутел.
Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот на Градските гробишта Бутел, полициски службеници ги уапсиле О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.
Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од кочанско измамена за 4.000 евра со лажни ветувања за пензија

61-годишна жена од кочанско пријавила дека била измамена од 59-годишниот П.Г. од истиот регион за сума од 4.000 евра.
Според пријавата, во октомври 2020 година тој ѝ ветил дека со пријатели од Скопје ќе ѝ овозможи да добие пензија. Жената во декември 2023 година му ги предала парите, по што до крајот на 2024 година имале повремени контакти, но потоа тој престанал да одговара на нејзините повици.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка го пријавила својот брат поради психичко вознемирување, веќе му било забрането да и’ се приближува

Во СВР Скопје на 17 септември околу 20 часот, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.М. (46) подолг период ја вознемирувал психички и ѝ упатувал закани.
Според пријавата, против него веќе била изречена мерка за забрана за доближување.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.