Македонија
Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1 лице.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 3, Кочани и Гостивар – по 1 лице.
Од министерството информираат дека не се регистрирани починати пациенти.
Направени се 3.764 тестови преку: ИЈЗ-108, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-165, Биотек-144, Систина-86, лабораторија Лаор-410, Синлаб-27, Ремедика-19, Плодност–24, Генеа–3, Никоб лаб-743, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.714.
Досега според ресорното министерство во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски најави нова обиколница во Штип следната година
Премиерот Христијан Мицкоски најави нова обиколница во Штип следната година.
„Обиколницата е проект којшто во оваа фаза ќе биде со вредност нешто помала од 2 милиони евра, но затоа на почетокот од следната година повторно планираме сериозни инвестиции во општините и повторно ќе има јавен повик преку Министерството за локална самоуправа и тука очекувам дополнителни проекти за штипјани, коишто ќе произлезат од страна на Општината, а знам дека и градоначалникот и советниците и администрацијата и пратениците од овде од Штип работат многу, работат заеднички и знам дека такви проекти веќе се подготвени и чекаат практично на реализација“, рече Мицкоски.
Премиерот денеска присуствуваше на Пастрмајлијадата во Штип. Истакна дека се очекува голема потрошувачка на штипскиот специјалитет, а граѓаните да си поминат убаво. Сите оние коишто овој викенд имаат дилема како да го поминат, Мицкоски ги покани во Штип на уживање во штипскиот специјалитет и убава музика.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Да не влегуваме во замката на бугарската предизборна кампања
Потпретседателот Александар Николоски даде одговор на тезата на Борисов, јас немам што повеќе да додадам, кажа премиерот Христијан Мицкоски од Штип во одговор на новинарското прашање како го коментира барањето на Борисов за оставка на министерот Николоски.
„Ќе треба да си го гледаме нашиот интерес како држава, да не влегуваме во замката на нивната предизборна кампања и реториката која што е дел од предизборната кампања во Бугарија. Жалам што во отсуство на сериозна визија, проекти, стратегија и политики, главна тема во Бугарија сакаат да биде Македонија и македонското прашање, но тоа е нивен избор, не е наш избор“, рече Мицкоски.
Тој им посака успешна кампања и избор на стабилна влада.
„Конечно по седми пат да изберат стабилна политичка влада со која што ние како македонска влада ќе можеме да градиме вистински добрососедски односни и заеднички да чекориме кон патот на целосна интеграција на нашата земја во рамките на ЕУ. Тоа се очекува од добри соседи и затоа постои договор кој што е наречен добрососедски договор“, додаде премиерот.
Македонија
(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.
„Не е април. Тоа би била добра првоаприлска шега“, рече Мицкоски.
Европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев за БНТ изјави дека ја информирале „Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ“ и ќе побараат да се иницира процедура за исклучување на таа партија од ЕНП.