Спорт
Зверев закажа полу-финале со Ѓоковиќ
Александар Зверев ќе му биде противник на Новак Ѓоковиќ во полу-финалето на тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио.
Зверев, со 6/4, 6/1, го победи францускиот ветеран, Жереми Шарди.
Зверев досега добил два од осумте мечеви со Ѓоковиќ. Оваа година се сретнале два пати, на АТП купот во Австралија (6/7, 6/2, 7/5 за Ѓоковиќ) и во четврт-финалето на Австралија опен (6/7, 6/2, 6/4, 7/6 за Ѓоковиќ).
Ова полу-финале се закажано се утре, а нема да почне пред 9.30 часот. Претходно, во првото полу-финале ќе играат Карен Хачанов од Русија и Пабло-Карењо Буста од Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Проблем за Реал, се повреди и Винисиус Жуниор
Реал Мадрид ќе биде значително ослабен на гостувањето кај Ливерпул во петтото коло од Лигата на шампионите.
Големото дерби ќе го пропушти Бразилецот Винисиус Жуниор, вториот најдобар фудбалер во светот минатата сезона.
Бразилецот ќе отсуствува еден месец поради повреда на задниот дел на левата нога.
Тоа е голем удар за Реал, кој е под притисок откако претрпе два порази во првите четири кола.
Винисиус се повреди, вчера во победата кај Леганес со 3:0.
Тренерот Карло Анчелоти реши да го одмори Килијан Мбапе во последните десет минути од тој натпревар, па го остави Бразилецот во игра.
Во текот на натпреварот Винисиус немал никакви проблеми, непријатност почувствувал кога влегов во соблекувалната. Тестовите покажаа дека Винисиус ја обновил повредата која веќе двапати ја доживеа минатата сезона.
Бразилецот е исклучително експлозивен играч и насобраниот замор од бројните натпревари влијае на неговите мускули.
Реал по четири одиграни натпревари е 18-ти во Лигата на шампионите со само шест бодови, додека Ливерпул е единствениот тим со четири победи во исто толку натпревари и со гол разлика 10:1.
Прашање е кој ќе игра во нападот против Ливерпул крај Мбапе, бидејќи од претходно е повреден и Родриго.
Спорт
Фати во јануари ќе замине од Барселона, имал понуди од САД и Саудиска Арабија
Ансу Фати беше претставен како наследник на Лионел Меси, ја доби „десетката“ кога Меси замина од Барселона, но потоа повредите целосно го уништија.
Откако поради три операции не играше цела година, Фати беше испратен на позајмица во Брајтон. И таму имаше проблем со повредите, поради што не играше многу кај тренерот Де Зерби. Летово се врати во Барселона со надеж дека ќе го послужи здравјето.
Ги мина подготовките, Ханси Флик Му даваше шанса на одредени натпревари и кога се чинеше дека се оди во добар смер, Фати се повреди на тренингот на Барселона, непосредно пред репрезентаивната пауза.
Медиумите тврдат дека Фати во јануари ќе ја напушти Барселона. Наводно Лионел Меси сака да го види во Интер Мајами, а младиот напаѓач доби понуда и од Саудиска Арабија, поточно Ал Наср за кој игра Кристијано Роналдо.
Фати има договор со Барселона до 2027 година со огромна откупна клаузула, но во ваква ситуација јасно е дека Барселона ќе прифати значитално помала сума.
Спорт
Салах: Ливерпул ме разочара, сè поблиску сум до заминување
Мохамед Салах блеска оваа сезона во дресот на Ливерпул. Со два гола беше најзаслужниот за победата на својот тим од 3:2 против Саутемптон, со која „црвените“ стекнаа осум поени предност во однос на најблискиот пратител на табелата, Манчестер сити.
Салах има договоро со Ливерпул до крајот на сезоната. Не крие дека е разочаран од она што сега се случува. Досега клубот не ги започнал преговорите околу новиот договор.
„Речиси е декември, а се уште не сум добил понуда да останам во клубот. Во моментов сум поблиску до заминување отколку да останам. Во клубот сум со години. Нема друг клуб како Ливерпул. Но, на крајот на денот, ништо не е во мои раце. Ги сакам навивачите, и тие ме сакаат мене, но на крајот не одлучуваме ниту јас, ниту навивачите“, изјави Салах.
Запрашан дали е разочаран од раководството на клубот, популарниот Мо беше јасен.
„Нормално. Нема наскоро да се пензионирам, па само тренирам и играм. Фокусиран сум на сезоната, сакаме да ја освоиме Премиер лигата и се надевам и Лигата на шампионите. Разочаран сум, но ќе видиме што ќе се случи“.