Македонија
Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на Ковид-19.
Од нив 16 се во Скопје, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, по два во Прилеп, Штип и Свети Николе и по еден во Охрид, Гевгелија, Радовиш и Берово.
Пријавени сe и се 17 оздравени пациенти од Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2 и по еден од Кичево и Кавадарци.
Во изминатите 24 часа регистрирани се две починати лица, еден од Скопје и еден од Кичево. Двајцата пациенти се од возрасната група над 60 години и двајцата се починати во болнички услови, информираат од ресорното министерство.
Направените 4.582 тестови се преку: ИЈЗ-103, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–30, Судска медицина-7, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–23, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-350, Биотек-180, Систина-84, лабораторија Лаор-363, Синлаб-24, Ремедика-13, Плодност–30, Генеа–23, Никоб лаб-1.049, ВФВ Медикал-53, Ели Медика-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.987.
Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.
Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Системот за видеонадзор на сообраќајниците „Безбеден град“ е поставен во Скопје, Куманово и Тетово
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како “Безбеден град“.
Во рамки на посетата министерот беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.
„Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна. Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени“, издвои министерот Тошковски од средбата и додаде:
Во иднина треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи е од круцијално значење за обезбедување на поволна безбедносна состојба.
Македонија
24 Мај – Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 24 мај 2024 година (петок), Св. Кирил и Методиј – Денот на сесловенските просветители – е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот Св. Кирил и Методиј – Денот на сесловенските просветители.
Македонија
Мицкоски – Дрекслер: Заложбите на владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.
На средбата претседателот Мицкоски ги презентира заложбите што ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.
„Потребно е Македонија да се стави на брза лента кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните. Борбата против криминалот и корупцијата се клучни бидејќи Владата на СДС и ДУИ ја деградира државата по сите основи, а најмногу на тоа поле. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како СДС и ДУИ до сега“, рече Мицкоски.