Спорт
Манчестер сити го рушат англискиот рекорд – 100 милиони фунти за Грилиш
Манчестер сити ќе го срушат британскиот рекорд за трансфери, носејќи го Џек Грилиш од Астон вила за 100 милиони фунти, тврдат британските медиуми.
Пеп Гвардиола одамна е заинтересиран за 25-годишниот капитен на Астон вила, а понудата ќе го сруши британскиот рекорд за трансфери и се очекува да биде комплетиран следната недела. Грилиш, секако, ќе добие повеќекратно зголемување на својата плата од 160.000 фунти неделно која ја добива на „Вила парк“.
Според „Телеграф“, првите преговори помеѓу двата клуба се случиле оваа недела, и Сити првично понудиле 100 милиони фунти, и сега преговараат за „пакет“ кој би бил прифатлив за Вила. Додека се вршат овие преговори, Грилиш е на Миконос на одмор и треба да се појави на тренинзи следната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона имаше 0:2 во Виго но не победи
Фудбалерите на Селта и Барселона одиграа нерешено (2:2), во последниот дуел од саботната програма од 14.коло на Ла Лига.
Се чинеше дека Бареселона има се во свои раце, до последните десет минути од натпреварот.
Возбудлива завршница започна по вториот жолт картон за Марк Касадо во 82. минута.
Две минути подоцна, Алфонсо Гонзалес ја искористи катастрофалната реакција на Жил Кунде и го намали резултатот, а две минути подоцна Хуго Алварез успеа да го совлада Игнасио Пења, за голема радост на „Балаидос“.
Можеше Селат да дојде до спектакуларен пресврт, но атрактвниот обид на Борха Иглесиас во 93.минута го одбрани Ињаки Пења.
Барселона во претходните години често имаше проблеми во Виго. Не делуваше дека таке ќе биде и на овој натпревар. Барселона беше подобриот тим на теренот и имаше предност од два гола.
Рафиња погоди во 15, а Роберт Левандовски во 61 минута.
Барса останува лидер со 34 бодови, додека Селта е 11-та со 18 бодови.
Спорт
Гвардиола: Се мачиме, немаме баланс во играта
Тотенхем во Манчестер го декласира Сити со 4:0 и ја продолжи агонијата во која се наоѓа тимот на пеп Гвардиола. Ова е најдолга низа на порази на актуелен шампион во Англија уште од 1956 година, ког Челси исто така имаше пет порази по ред. Оваа серија порази е најдолга во кариерата на за многумина најдобриот тренер во моментов, Гвардиола.
„Ние сме во таков момент, немаме баланс. Има неколку причини зошто не сме во состојба да бидеме константни во нашата игра. Имаше и играчи кои доцна се вратија, некои не се доволно закрепнати од повредите, имаше многу пропусти. И, не можам, а да не очекувам нашите ривали да не создаваат шанси. Почнавме многу добро, имавме шанси, а потоа тие поведоа од првата шанса…“ – изјави Гвардиола.
Фудбалерите на Сити не можеа ниту физички да се носат со ривалот.
„Не успеавме да ги издржиме дуелите како обично, се мачиме но сезоната е долга. Се може да се случи. Гостување во Ливерпул? Прво ја имаме Лигата на шампионите против Феенорд, не знам што ќе се случи на „Енфилд“ Ситуацијата е нова за нас, нашата игра постои, но се мачиме да постигнеме гол“, рече Шпанецот.
Спорт
Судот за спортска арбитража му ги врати титулите на Тимошчук
Поранешниот украински фудбалер, а сега тренер Анатолиј Тимошчук е еден од најнепопуларните ликови во својата татковина од почетокот на воениот конфликт меѓу Украина и Русија. Од една едноставна причина, тој остана во Зенит од Санкт Петербург, каде работи како помошник тренер.
Критиките против него се практично секојдневни, а можеби најдалеку отиде поранешниот фудбалер Олександар Алиев.
„Ти си руско куче. Се продаде за пари. Запомни дека твоите родители живеат овде. Ти си идиот и си мртов за нас. Запомни го тоа засекогаш“, му порача Алиев во една прилика на Тимошчук.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски го стави Тимошчук на „списокот на предавници“. Тој стана еден од 34-те украински спортисти на кои им беа одземени сите државни награди и титули.
Но, за разлика од повеќето кои не реагираа на овој потег на државниот врв, Тимошчук поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана. И го доби спорот.
Судот за спортска арбитража ја прифати жалбата на Тимошчук и со тоа ги поништи одлуките на Фудбалската федерација на Украина и претседателот на Украина, со кои на Тимошчук му беа одземени титулите.
Тимошчук во својата кариера настапуваше за Волин Луцк, Шахтјор Доњецк, Зенит, Баерн, потоа повторно Зенит и на крајот за Каират. За репрезентацијата на Украина одигра 144 натпревари. Во Зенит како помошен тренер работи од 2017 година.