Македонија
МВР: За пукање на свадби се предвидени и затворски казни
Министертвото за внатрешни работи ги повикува граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби затоа што тоа може да предизвика тешки последици. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31)“, нагласуваат од МВР.
Во зависност од последиците пукањето може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), предупредуваат од оваа институција.
На оваа тема денеска Министерството за внатрешни работи соопшти дека разговарале и со преставници од општина Студеничани каде била одржана вонредна седница на Советот на Општина Студеничани, на која присустувале градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, заедно со помошник-директорот Шефик Бајрами, како и командирот на ПС Драчево, Миле Трифуновски.
На седницата, како што соопшти МВР била разгледана безбедносната состојба на подрачјето на општина Студеничани, која била оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување, посочија од ова Министерство.
Додаваат дека особено внимание било посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.
„Советот на Општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат сите граѓани да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби затоа што тоа може да предизвика тешки последици“, велат надлежните.
Ваквите активности, како што најавија од МВР, во наредните денови ќе продолжат и во другите општини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Насилството врз жените остава последица врз општеството да се бориме за нивна безбедност и достоинство
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените.
„Денес, на Меѓународниот ден против насилство врз жените се потсетуваме на еден од најголемите предизвици на секое општество–насилството врз жените и девојчињата. Запрепастува фактот што ова е едно од најраспространетите прекршувања на човековите права. Насилството врз жените не остава сериозна последица на поединецот туку на општеството во целост. Промената почнува од секој од нас – со зборови, со дела, со колективна одговорност. Да се бориме против ова зло со подигање на свеста, со вложување во образованието, здравството, со поголеми права на жените. Да изградиме свет каде што слободата, достоинството и безбедноста ќе бидат неприкосновени права на секоја жена и девојка“, вели претседателот на СДСМ, Филипче.
Скопје
Во текот на една недела санкционирани 𝟤𝟢𝟨 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18.11. до 24.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.
Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, додаваат од ПОЦ.
Македонија
Сменетата изјава на Кешишев нема доказна вредност, рече обвинителката која тврди дека имаат материјални докази оти Палевски стои зад убиствата
Обвинителството има материјални докази дека Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиствата на Вања и Панче, изјави обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска пред денешното рочиште.
„После вербалните докази, ќе бидат изведени сите материјалните докази. Обвинителството смета дека од сите докази произлегува основаноста на обвинението“, рече Стојковиќ-Димитровска.
Нагласи и дека промената на исказот на обвинетиот Влатко Кешишев нема никаква доказна вредност. Тој претходно достави нова изјава во која наведува дека Палчо не бил на местото на убиствата.
„Изјавата на обвинетиот Кешишев во оваа фаза на постапката нема доказна вредност, затоа што и тој и сите други обвинети на крајот од судската постапка ќе имаат право да дадат своја одбрана, свој исказ, кој ќе подлежи на прашања од двете стани – обвинителството и одбраната, и ќе се разјаснат сите околности“, рече обвинителката.
Обвинителките првпат дадоа изјава за јавноста од почетокот на судењето.