Спорт
Арсенал даде 50 милиони фунти за Бен Вајт!
Арсенал го комплетираа трансферот на Бен Вајт од Брајтон за фантастични 50 милиони фунти носејќи го засега најголемото засилување на тимот на Микел Артета.
23-годишниот Вајт со потпишувањето на четиригодишниот договор (до 2025) е трето засилување на „топчиите“ по Нуно Тавареш (Бенфика) и Алберт Самби Локонга (Андерлехт). Вајт ќе го носи бројот 4 во Арсенал и се очекува да дебитира на пријателскиот меч против Челси веќе в недела.
„Бен беше прва цел за нас и одлично е што го добивме неговиот потпис. Тој помина обука со два многу добри клуба, Брајтон и Лидс, и е интелигентен дефанзивец, кој е стабилен на топката и неговиот стил на игра совршено ни одговара. Со неговата младост тој е потпис за иднината“, вели менаџерот Микел Артета.
Вајт дебитира за англиската репрезентација на почетокот на јуни на пријателските мечеви со Романија и Австрија, а исто така беше дел од тимот за Евро 2020, иако не одигра ниту една минута.
Sorry we’re late…
Traffic was a nightmare ? pic.twitter.com/sO1T9981Rw
— Arsenal (@Arsenal) July 30, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
На „Сантијаго Бернабеу“ донеле одлука за иднината на Винисиус
Винисиус Жуниор предизвикува сè повеќе проблеми во Реал со своето однесување, а се чини дека во Мадрид донеле одлука околу неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.
Како што ексклузивно открива „Билд“, бразилскиот напаѓач ќе биде продаден следното лето. Сè кулминираше по „Ел Класико“ и однесувањето на Винисиус.
Претходно, двете страни ќе се обидат да го продолжат договорот, а потоа Реал ќе го стави на трансфер листата.
Не е тајна дека во Саудиска Арабија сонуваат да го доведат Винисиус, а следното лето таа желба би можела да се оствари, под услов тој да биде расположен да се пресели на Блискиот Исток.
Реал го донесе од Фламенго во 2018 година за 45.000.000 евра, а сумата што ќе ја бараат веројатно ќе биде меѓу 200 и 250.000.000 евра.
Foto/ EPA
Спорт
Роналдо му се восхитува на Доналд Трамп
Фудбалерот на Ал Наср и еден од најдобрите фудбалери и најпопуларните спортисти на 21 век, Кристијано Роналдо, му се восхитува на американскиот претседател Доналд Трамп.
Поранешниот легендарен играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус го пофали Трамп за работата за постигнување мир во Газа.
„Доналд Трамп е еден од луѓето кои можат да помогнат да се промени светот“, рече Роналдо во интервју со Пирс Морган.
To President @realdonaldtrump.
Playing for peace. As a team. pic.twitter.com/iLGAmbmu0J
— António Costa (@eucopresident) June 16, 2025
Исто така, Роналдо му испратил потпишан дрес на Доналд Трамп преку неговиот сонародник Антонио Коста, претседателот на Советот на Европа.
Можеби овие чувства на португалскиот фудбалер кон републиканскиот претседател не се чудо, со оглед на тоа што според признанието на неговата мајка, тој го добил името по друг републикански претседател, Роналд Реган.
Спорт
Дезире Дуе е „златното момче“ за 2025 година
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во 2025 година.
Дуе ја наследи традиционалната награда што ја доделува италијанскиот спортски весник од Торино „Тутоспорт“ од Ламин Јамал од Барселона, кој ја освои минатата година.
Наградата „Златно момче“ се доделува на најдобриот млад играч под 21 година.
Во текот на 2025 година, Дуе ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Купот и Суперкупот на Франција, Суперкупот на Европа со Пари Сен Жермен, а играше и во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА, каде што Парижаните неочекувано беа поразени од Челзи.
Во вкупно 61 натпревар, тој постигна 16 гола и забележа исто толку асистенции. Тој ја доби и наградата за MВП за најдобар играч на финалето на Лигата на шампионите.
Дуе е четвртиот Французин кој ја освоил оваа награда, прв по Килијан Мбапе во 2017 година. Претходно лауреати беа Пол Погба во 2013 година и Антони Марсијал во 2015 година.

