Регион
Никаде без потврда, нови мерки во Црна Гора за спречување на заразата од Ковид-19

Црногорската влада донесе нови мерки за спречување ширење на коронавирусот, кои ќе важат од денес до 20 август.
Влегувањето во внатрешноста на рестораните, како и ноќните клубови и дискотеки, е дозволено само со најмалку еден од следните четири докази: дека лицето е целосно вакцинирано или примило прва доза вакцина, да има негативен ПЦР-тест на Ковид-19, кој не е постар од 72 часа, доказ дека лицето го прележало Ковид-19, доказ за негативен брз тест за антиген, не постар од 48 часа.
Еден од овие услови мора да исполнуват сите вработени во угостителството, рече директорот на ИЈЗЦГ, Игор Галиќ.
Сопствениците на објектите се должни да назначат лице што ќе го контролира поседувањето докази за вакцинација или негативни тестови.
Малолетниците не се обврзани кон исполнување еден од горенаведените услови, освен кога влегуваат во дискотеки или ноќни клубови, велат властите.
Под истите услови дозволено е присуство на спортски настани на отворено и затворено. Масовните собири и фестивали што не може да се контролираат се одложени за 20 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.