Македонија
Мицкоски: Ние сме за отворени листи и поддржуваме помал изборен праг
ВМРО-ДПМНЕ имаше принципелна позиција дека важно е овие избори да бидат фер и демократски, да не ни се случува како што беше за парламентарните избори да има инстутционален поткуп, закани и притисоци врз граѓаните од страна на властодршците на СДСМ, менување на изборни правила во пет до дванаесет во интерес на власта на сметка на опозицијата и тоа беше суштински важно за нас и ние на преговорите во март тоа го постигнавме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со измените на Изборниот законик.
Тој се осврна на моментот како власта ги менуваше ставовите во врска со отворените листи и со тоа дали да има цензус кога станува збор за независни листи.
„ Имаше определени политички гимнастики од страна на власта и владеачките партии во делот на отворени листи. Помалите бараа, ВМРО-ДПМНЕ се сложи, па се предомислија, ВМРО-ДПМНЕ пак се сложи. Власта побара да се зголеми прагот на оние листи на кои им се потребни да истакнат кандидатура, ВМРО-ДПМНЕ се согласи со цел да има за фер и демократски избори. Потоа помалите коалициски партнери ретерираа и ВМРО-ДПМНЕ изрази разбирање и ставот беше нека се договарт во владината коалиција и вчера го слушам Заев вика ретерираат од два проценти и се враќаат на еден, еве и тоа го прифаќаме. Еве прифаќаме и да нема проценти само нека има фер и демократски избори, да нема злоупотреби, закани, уцени“, кажа Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека од партијата не сакаат да гледаат институционннален поткуп и притисоци врз граѓаните како што веќе се случува во Шуто Оризари делење на пакети брендирани од Светска банка и минситерството за труд и социјална политика се делат пакети на социјално ранливи категории под изговор милост милост за граѓаните.
„ Се срамам кога гледам дека во и во 21 век се злоупотребуваат човековите права и тоа што се случува е обид во една голема изборна измама и пљачка ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се спротивстави. Се што е во насока на фер и демократски избори ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 14.30 часот, корисниците на обејкт на Меркур Македонија. (општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Радушка (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава, рече Герасимовски
Општина Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава во реално време, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Според него, јавната набавка е завршена, а веднаш по изборите ќе бидат поставени 30 мерни единици на различни локации.
„Заврши јавната набавка, чекаме да поминат изборите за да ги поставиме мерните единици – првично 30. Преку мобилна апликација, секој граѓанин ќе може да провери каква е фреквенцијата на бучава на одредена локација“, изјави Герасимовски.
Системот, како што објасни, ќе им овозможи на граѓаните докази при пријавување во Министерството за внатрешни работи или до општинските инспекциски служби. Целта е брза и ефикасна реакција на прекршителите, особено во зони каде што постојат проблеми со прекумерна бучава од угостителски објекти и сообраќај.
Во вториот дел од изјавата, Герасимовски зборуваше за следниот голем проект на општината – постепено затворање на Дебар Маало за моторен сообраќај, со што ќе се намали хаосот со паркирањето и ќе се создаде подобар квалитет на живот за жителите.
„Имаме ревидиран проект за затворање на Дебар Маало. Тој е доставен до Министерството за внатрешни работи и веќе имавме два состанока со МВР за да го подобриме и да добиеме одобрување. Така и беше договорено на последниот состанок“, рече Герасимовски.
Планот е Дебар Маало да се затвора дел по дел, почнувајќи веднаш по завршувањето на изборниот процес, а првата рампа веќе е поставена.
„Веќе поставивме рампа на почетокот на Боемска улица. Разговараме за начинот на кој таа зона ќе функционира, и тоа ќе биде пример за затворање и на други населби каде што сообраќајот и паркирањето се хаотични“, додаде градоначалникот.

