Спорт
(Видео) Скандал во Токио – белоруска олимпијка не сака да се врати дома, бара азил
Белоруската спринтерка Кристина Тимановскаја го повика Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да се вклучи во нејзиниот случај. Таа изјави дека била отстранета од националниот тим и била однесена на аеродромот во Токио против нејзина желба, поради критиките што ги упатила кон националните селектори.
❗️Kristina Timanovskaya asks the International Olympic Committee for help
«I am asking the International Olympic Committee for help,pressure has been put on me and they are trying to take me out of the country without my consent,so I am asking the @iocmedia to intervene in this» pic.twitter.com/W0TlSzI0Bh
— NEXTA (@nexta_tv) August 1, 2021
„Барам помош од Меѓународниот олимписки комитет“, вели Тимановскаја во видеото објавено на Телеграм каналот на Белоруската фондација за солидарност во спортот.

„Има притисок врз мене. Тие се обидуваат да ме извлечат од земјата без моја дозвола. Барам од МОК да се вклучи“, вели таа.
„Ме исфрлија од тимот затоа што зборував на Инстаграм за негрижата на нашите тренери“, е нејзиното објаснување. „Некои од девојките не дојдоа да се натпреваруваат бидејќи немаа направено доволно допинг тестови“, рече таа.
„Тренерот ми рече дека дошла наредба ‘од горе’ да ме отстранат од тимот“, додаде Тимановскаја, објаснувајќи дека побарала од членовите на белоруската дијаспора во Јапонија да ѝ помогнат на аеродромот.
„Дејли мејл“ објави дека таа останала со јапонската полиција на аеродромот во Токио и дека неофицијално побарала азил во Германија или Австрија, бидејќи се плаши да се врати во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

