Спорт
Порторико ја слави Јасмин Камачо-Квин
Јасмин Камачо-Квин го освои првиот медал во атлетика во историјата на Порторико. Воедно ова е прв медал за оваа земја на Олимписките игри во Токио.
Камачо-Квин, имаше доминантен настап во финалето на трката на 100 метри со пречки. Девојката која е родена во Чарлстон, во Јужна Каролина во САД, во целата забележа време 12.37 секунди.
Камачо-Квин, во полу-финалето го урна олимпискиот рекорд со резултат 12,26 минути, што е за шест стотинки послабо од светскиот рекорд на Кендра Харисон.
Токму Харисон го освои сребрениот медал. Таа имаше послабо време од победничката за 15 стотинки, бронзата ја освои Меган Тејпер од Јамајка (12.55).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ливерпул го победи Реал, Мбапе и Салах не реализираа удари од 11 метри
Ливерпул и по петата рунда е еденствениот тим со максимален учинок во Лигата на шампионите. Вечерва на „Енфилд“, во апсолутното дерби на оваа рунда Ливерпул го победи Реал со 2:0. Реал остана на шест бода, скор од две победи и три порази.
Карло Анчелоти, кој има многу проблеми со повредени играчи, на „Енфилд“ излезе со јасна цел да не загуби, но не успеа во својата намера. „Црвените“ од стартот ја презедоа контролата, константно напаѓаа не искористија две добри шанси за гол. Колку Реал беше инфериорен во првото полувреме говори податокот дека не упатија ниту еден удар кон голот на Келехер.
Иницијативата на Ливерпул која продолжи и во вториот дел вроди со плод во 52.минута, кога Мекалистер по додавањето од Бредли го совлада извонредниот Куртоа. Инаку десниот бек на Ливерпул Бредли, одигра брилијантен меч, успеа во целост да го запре Килијан Мбапе.
По примениот гол играчите на Реал тргнаа поангажирано кон голот на Ливерпул. Од првата вистинска акција, Лукас Васкез избори пенал во 61.минута. Мбапе ја презеде одговорноста, но неговиот удар го одбрани Келехер.
Двевет минути подоцна пенал доби Ливерпул. Салах ја презеде одговорноста, но неговиот удар заврши во стативата. Точка на натпреварот стави Гакпо, кој по центрашутот на Робертсон остана сам во пететрецот и со глава ја закова топката во голот.
Спорт
Ван Нистелрој има нова работа
Руд Ван Нистелрој (48), заврши одлична работа краткото време кое го мина како в.д.менаџер на Манчестер јунајтед. Откако го замени Ерик Тен Хаг, забележа три победи и реми, а потоа му го отстапи местото на Рубен Аморим.
Прославениот напаѓач е на пат да го преземе Лестер, кој неодамна го отпушти менаџерот Стив Купер. Лестер оваа сезона се врати во Премиер лигата, но сега се бори да избори опстанок. Сензационалниот шампион на Англија од 2016 година моментално е на 16-тото место.
Ван Нистелрој стекна светска слава во Јунајтед. Тој одигра 219 натпревари и постигна импресивни 150 гола. Го освои и англискиот шампионат. Подоцна се пресели во Реал Мадрид и продолжи со одличните настапи. Кариера ја заврши во 2012 година во Малага.
Откако ја започна својата тренерска кариера како шеф на вториот тим на ПСВ, тој потоа го предводеше првиот тим до 33 победи и 10 нерешени во 51 натпревар, освојувајќи два трофеи.
Спорт
(Видео) Црвена звезда го растури Штутгарт, Џирона со Миовски падна во Грац
Црвена звезда и Штурм Грац ги забележаа првите победу оваа сезона во Лигата на шампионите. Џирона со Бојан Миовски доживеа (не)очекуван пораз во Штурм (1:0), а Црвена звезда го декласира Штутгарт во Белград (5:1).
На „Рајко Митиќ“ во Белград 40.000 гледачи видоа рапсодија на црвено-белиот тим. Српскиот првак го декласира германскиот вице-шампион со 5:1.
Не почна добро натпреварот за домашниот тим, Демировиќ му донесе предност на Штутгарт во петтата минута и тоа беше се од „швабите“ на овој натпревар.
Играчот на Штутгарт, на позајмица во Црвена звезда, Силас, во 12.минута по соло акција изедначи. Целосен пресврт домаќинот направи во 31.минута кога Круниќ го совлада Нибел.
Во вториот дел Црвена звезда ги затвори приодите кон својот гол и го уништи Штутгарт од контра напади. Постигнаа три гола, а можеа уште толку.
Иваниќ погоди за 3:1, а точка на мечот стави Радоњиќ со два гола.
Штурм во Грац ја забележа историската прва победа во ЛШ. Австрискиот првак ја победи Џирона со 1:0. Натпреварот го реши Бирет со голот во 59.минута. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го започна мечот на теренот беше до 67.минута.