Спорт
Шпанките испаднаа од ракометниот турнир, Унгарија им го зеде четвртото место во групата
Женските ракометни репрезентации на Шведска, Русија, Франција и Унгарија, од Б-групата, изборија пласман во четврт-финалето, на олимпискиот турнир во Токио.
Унгарија, во последен момент од оваа конкуренција се пласираше меѓу најдобрите осум. Во последното коло, Унгарките славеа победа 26:23 (15:15) против Швеѓанките, кои немаат никаков мотив, бидејќи веќе го имаа обезбедено првото место во групата.
Унгарија со овој триумф ја елиминираше Шпанија од понатамошните борби. Овие две селекции имаат ист број на бодови, но Унгарките го добија меѓусебниот дуел во Токио.
Против Шведска, пет ракометарки на Унгарија (Лукач, Хафра, Клујбер, Мартон и Солоши) постигнаа по четири гола.
Шпанија, не успеа да ја победи Русија. Шпанките доживеаја пораз 31:34 и го завршија својот настап во Токио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Турски милионер го купува Марибор
Турскиот милионер Ацун Иликали наскоро ќе го заврши преземањето на словенечки Марибор.
„Ги почитувам и другите клубови, Мура е успешен клуб, Олимпија е добро познато име во Европа, исто така и Марибор“, изјави тој за Спортклу Словенија“.
„На крајот морате да донесете одлука, баравме и размислувавме два месеци, но сега мислам дека тимот и јас одлучивме дека ова е вистинскиот проект со одлични навивачи, одлични луѓе и голем град. Ми беше многу важно да имам аеродром во близина бидејќи постојано патувам. Мал аеродром да доаѓам и заминувам, а работа да не трпи. Јас сум луд по фудбал и сакам да гледам што повеќе натпревари“.
Ова значи дека Марибор за прв пат во својата историја ќе има странски инвеститор.
Марибор 16 пати беше шампион на Словенија, освои девет Купа и четири словенечки Суперкупа, а три пати играше во групната фаза од Лигата на шампионите. Сезонава не им оди баш најдобро, се само третопласирани зад Целје и Олимпија.
Иликали веќе е сопственик на англиски Хал Сити, а претходно раководеше со холандската Фортуна Ситард и ирскиот Шелбурн.
Сопственик е на ТВ каналите TВ8 и TВ8.5, како и на турската дигитална платформа „Ексен“. Од 2018 до 2021 година тој беше на листата на 500 највлијателни бизнисмени во медиумскиот и забавниот сектор.
Спорт
Литванија со НБА ѕвезди во напад на олимписката виза
Домантас Сабонис и Јонас Валанчиунас сакаат да играат за Литванија на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, изјави селекторот на кошаркарската репрезентација на оваа земја, Казис Максвитис.
„Имаа тешка сезона во НБА. Разговарав со двајцата, ме побараа планови за подготовка. Националниот Сојуз ги усогласува сите услови околу осигурувањето. Ветија дека ќе играат“, изјави Максвитис.
Сабонис и Валанчиунас последен пат заедно играа за Литванија на ЕП 2022 година. Валанчунас играше, додека Сабонис го пропушти СП минатат година.
Сабонис е член на Сакраменто кој не успеа да се пласира во НБА плеј-офот. Литванскиот кошаркар сезонава во НБА лигата имаше просек од 19,4 поени, 13,7 скока и 8,2 асистенции по натпревар.
Валанчиунас е кошаркар на Њу Орлеанс кој беше елиминиран од Оклахома во првото коло од НБА плеј-офот. Оваа сезона имаше просек од 12,2 поени и 8,8 скока по натпревар.
Литванија ќе игра во групата А на олимпискиот квалификациски турнир во Порторико против Мексико и Брегот на Слоновата Коска. Во групата Б ќе играат Порторико, Бахреин и Италија.
Турнирот ќе се игра од втори до седми јули, а на ОИ ќе се квалификува само победникот на турнирот.
Победникот на турнирот на Олимписките игри во Париз ќе игра со селекциите на Србија, Соединетите Американски Држави и Јужен Судан.
Спорт
Клаузула од милијарда евра за еден од најголемите светски таленти
Пау Кубарси (17) е новиот супер талент клупската академија на Барселона, Ла Масија. Шпанскиот стопер оваа сезона забележа 30 настапи за тпрвиот тим.
Кубарси има договор со Барселона до јуни 2026 година, а трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо најави дека клубот сака што е можно побргу фудбалерто да потпише нов договор.
Деко, спортскиот директор на Барселона, ги договорил условите со менаџеорот на Кубарси пред две недели. Романо откри дека моментално се средуваат деталите и дека
тинејџерот наскоро треба да потпише договор кој ќе има вградена откупна клаузула од една милијарда евра.
Секако, Барселона не мисли дека некој ќе ја плати таа сума за играчот, туку сака да го заштити за да не може некој да му и „украде“ во случај да стави помала клаузула.
„Трансфермаркт“, веб-страница специјализирана за вредноста на фудбалерите, го проценува Кубарси на 25 милиони евра.