Македонија
(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош
Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат помош од институциите и граѓаните, а се обидуваат пожарот и сами да го изгаснат.
Кочани Гори ? улица Васил Главинов е нај погодена и сите кои можат да помогнат се упатени таму. Граѓаните бегаат од населбата и ги напуштаат куќите за да не се угушат од чадот. Ветерот е многу силен. ?? pic.twitter.com/ERwBTilhes
— Boban Alex. (@BobanAlexGFX) August 2, 2021
Според тврдења на мештаните во Белско маало, пожарот зафатил и стари куќи. Исто така кажуваат дека на терен е многу страшно и дека се слушаат и силни експлозии предизвикани од огнот.
Кочани во моментов ? pic.twitter.com/a1ACq33mBe
— Вишна ? (@BitOfSourCherry) August 2, 2021
„ Кочани бара помош – нов голем пожар на чекор до првите куќи“ стои во објава објавена пред подолго време.
На терен има три противпожарни возила со повеќе екипи, велат мештаните и додаваат дека самите жители се организирани и се обидуваат да го спречат огнот да ги зафати другите куќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

