Вести
Курдите тврдат дека ја враќаат изгубената територија во Кобане

Курдските борци ги оствариле првите успеси во битката за сирискиот град Кобане стратешки важен на самата граница со Турција, бидејќи освен што ги одбиле нападите на џихадистите од Исламската држава, успеале да продрат во деловната зона североисточно од градот и да влезат во југозападниот дел кои претходно ги заземаа џихадистите, пренесува во понеделникот агенцијата DPA повикувајќи се курдски извори и опозицската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.
Курдските борци ги оствариле првите успеси во битката за сирискиот град Кобане стратешки важен на самата граница со Турција, бидејќи освен што ги одбиле нападите на џихадистите од Исламската држава, успеале да продрат во деловната зона североисточно од градот и да влезат во југозападниот дел кои претходно ги заземаа џихадистите, пренесува во понеделникот агенцијата DPA повикувајќи се курдски извори и опозицската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.
Идриз Насан, функционер во градската власт на Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски) за агенцијата изјавил дека по жестоките пресметки во текот на ноќта кон понеделникот курдските борци од Единиците за заштита на народот (YPG) навлегле во деловната зона на градот, принудувајќи ги борците на Исламската држава да се повлечат, а продреле и во областа југозападно од градот кои од петокот ги контролираа џихадистите.
Сириската опсерваторија за човекови права, повикувајќи се на своите активисти од теренот, соопшти дека борците на YPG освоиле две позиции на Исламската држава јужно од градот. Курдите тврдат, исто така, дека нивните борци во последните 48 часа убиле 138 џихадисти.
Опозициската сириска невладина организација јавува и дека Курдите напредувале на бојното поле по интензивните воздушни удари од меѓународната коалиција предводена од САД, врз позициите на Исламската држава, исто и јужно од Кобане.
Меѓутоа, додека продолжуваат борбите, челниците на сириските Курди треба во градот Ербила, во полуавтономната област ирачки Курдистан, да се состана со челникот на ирачките Курди, Масуд Барзани, за да разговараат за надминување на јазот меѓу двете фракции.
Курдскиот национален совет (KNC), блиско до Барзани, ги обвини Единиците за заштита на народот (YPG) и Партијата за демократско единство (PYD), дека Кобани и другите курдски градови ги довеле во погубна ситуација недозволувајќи му на KNC да се вклучи во борбата.
Кобани е стратешки важен град, бидејќи со неговото освојување Исламската држава ќе има контрола на 400 километри од вкупно 900 километри долгата сириско-турска граница. Џихадистети не успеаја да го затворат градот само од северната насока, но Анкара сé уште не дозволува по тој коридор да се вратата курдските доброволци за одбрана на Кобане, или на бранителите да им се достави оружје.
Според непотврдени процени, досега во битката за Кобане загинале повеќе од 600 луѓе , од кои над 400 се џихадистичките борци на Исламската држава./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.