Спорт
Злато и сребро за Кина, бронзата на греда за Бајлс

Најдобрата гимнастичарка на денешницата, Симон Бајлс, без златем медал ќе замина од Токио. Американката која на Олимписките игри се соочи со сериозни ментални проблеми, реши да настапи во финалето на греда. На крајот Бајлс го освои бронзениот медал.
Финалето во оваа дисциплина донесе доминација на тинејџерките од Кина. Особено импресивен настап имаше 16-годишната, Ченчен Гуан. Со 14.633 поени таа го освои златото.
Нејзината сонародничка, Сијинг Танг, заврши на второто место, а Бајлс мораше да се задоволи со бронзата.
За трите девојки ова беа први медали во поединечна конкуренција, на Олимписките игри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Борзаш од Пелистер се сели во Алкалоид

Урош Борзаш, репрезентативецот на Србија по две сезони ќе го напушти Еурофарм Пелистер, но ќе остане во Македонија. Левиот бек ќе се пресели во редовите на Алкалоид.
Борзаш ја мина академијата на Веспрем, подоцна играше за Тулуз, една година во Елверум, Норвешка, а во Битола е од летото 2023 година.
Стандарден е репрезентативец на Србија, за која на големите натпреварувања дебитираше на Европското првенство во 2022 година.
Спорт
Партизан и АЕК ќе играат на неутрален терен

Ракометниот натпревар меѓу Партизан и грчки АЕК во рамките на четвртфиналето на Купот на ЕХФ е одложен поради инциденти во салата Бањица.
По тој повод 24 часа подоцна се огласи и Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Според соопштението на Европската ракометна федерација, реваншот ќе се игра, но на неутрален терен.
„ЕХФ во понеделник одлучи да го премести натпреварот на неутрален терен, ниту во Србија, ниту во Грција. Точната локација и време ќе бидат објавени во догледно време. Со оглед на се она што се случуваше во недела навечер, ЕХФ размислува натпреварот да се одигра без публика. Сепак, ќе биде покрената правна постапка за се она пто се случи во салата на Бањица“, се вели во соопштението.
Натпреварот требаше да започне во 18 часот во салата Бањица, но навивачите на Партизан фрлија неколку топовски удари на теренот, поради што реваншот не започна навреме, а потоа се претвори во двочасовно чекање, откако играчите на АЕК одбија да излезат на теренот.
Ракометарите на Партизан ги молеа своите симпатизери да се вратат во спортските рамки на навивање, но тоа не се случи.
На првиот натпревар во Атина, исто така во многу тензична атмосфера, АЕК го совлада Партизан со резултат 27:22.
Спорт
ФФМ најави дисциплинска постапка за натреварот во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија најави санкции за фудбалскиот клуб Шкендија, чии навивачи денеска предизвикаа скандал со недоличното однесување пред почетокот на прволигашкиот дуел со АП Брера.
Сите натпревари од актуелното коло започнаа со минута молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани, но навивачите на Шкендија решија да изразат целосно непочитување и краткиот период го исполнија со пеење, скандирања и свирежи.
ФФМ неколку часа подоцна најави дисциплинска постапка.
– Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
– Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства. ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат. За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.
– Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата. ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
– Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, – стои во соопштението на ФФМ.