Спорт
Лејкерси го отпуштија Морис и му врачија отказ на Мекини
Лос Анџелес Лејкерс, се најактивната франшиза на трансфер-пазарот, во НБА лигата, во изминатите два дена.
Откако, преку трејд, го донесоа Расел Вестбрук, Лејкерси ги потпишаа Тревор Ариза, Вејн Елингтон, Кармело Ентони, Двајт Хауард и Кендрик Нан.
Јасно е дека Лејекрси мора да отпуштат некого од тимот. Вчера си замина центарот Андре Драмонд, тој се пресели во Филалделфија. Денес, Лејкерси му врачија отказ на Алфонс Мекини, кој речиси и да не играше, а отказ доби и Маркиф Морис.
Морис имаше значајна улога во освојувањето на шампионскиот прстен во 2020 година.
Морис својата кариера ќе ја продолжи во Мајами Хит.
Наредните денови се очекува тимот да го напушти и Германецот, Денис Шрудер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Официјално: Венсан Компани е нов тренер на Баерн
Венсан Компани, поранешниот менаџер на англискиот премиерлигаш Барнли, е назначен за нов тренер на Баерн Минхен.
Договорот со 38-годишниот Белгиец е потпишан на три години, до летото 2027 година.
Компани го наследи Томас Тухел, со кого Баерн заврши на третото место во Бундеслигата. За прв пат по 12 години, славниот клуб од Минхен не освои ниту еден трофеј во сезоната.
🗨️ Vincent Kompany: “Ich freue mich auf die Herausforderung FC Bayern. Es ist eine große Ehre, für diesen Club tätig sein zu dürfen – der FC Bayern ist eine Institution im internationalen Fußball.” pic.twitter.com/lJozy9UtPH
— FC Bayern München (@FCBayern) May 29, 2024
„Се радувам на предизвикот во Баерн. За мене е голема чест што го претставувам овој клуб – Баерн е институција на светскиот фудбал“, изјави Венсан Компани по повод именувањето.
Компани го донесе Барнли во Премиер лигата пред една година, но оваа сезона тие завршија на 19-то место и испаднаа. Белгиецот претходно беше тренер на Андерлехт.
„Сакам кога мојот тим ја има топката, кога е креативен, но мораме да бидеме агресивни и храбри на теренот. Се радувам за работата со играчите и процесот на градење на тимот. Кога има основа, доаѓа успехот“, изјави Компани за официјалниот сајт на Баерн.
Спорт
Њукасл ќе остане без Гимараеш – Бразилецот пред трансфер во Сити
Њукасл не успеа да го повтори одличниот резултат од минатата сезона. „Страчките“ сезонава играа во Лигата на шампионите, а во наредната ќе играат само во домашните натпреварувања.
Поради неуспехот во борбата со конкурентите во борбата за местата во европските купови, Њукасл веројатно ќе остане без Бруно Гимараеш.
Бразилскиот играч за врска оваа сезона беше еден од двајцата најдобри играчи во тимот на Њукасл.
Њукасл ќе мора да го продаде Гимареш поради проблеми со финансискиот фер-плеј, бидејќи ќе мора да ги балансира приходите и расходите.
Како прв фаворит да стигне до Гимареш се споменува Манчестер сити. Пеп Гвардиола (многу веројатно) влегува во својата последна година на клупата на „Граѓаните“ и дефинитивно ќе сака да освои се, а делува дека Гимараеш заедно со Кевин Де Бруине и Родри би формирал совршено трио во редот за врска.
Гимареш оваа сезона одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигна седум гола и додаде осум асистенции.
Спорт
Манчестер јунајтед на „Гудисон парк“ ја најде замената за Варан
Манчестер јунајтед планира да го ангажира дефанзивецот на Евертон, Џеред Брентвејт (21).
Евертон е свесен дека поради балансирање на трошоците и финансискиот фер-плеј ќе мора да продаде голем број играчи, а сериозна сума може да заработи од продажбата на младиот стопер и Белгиецот, Амаду Онана.
Клубот проценува дека неговата вредност е околу 82 милиони евра, но заинтересираните како Манчестер јунајтед се свесни дека би можеле да го добијат за значително помала сума.
Јасно е дека Евертон ќе мора да пушти неколку првотимци или клубот ризикува банкрот.
Покрај Брентвејт, се верува дека на продажба се и Џордан Пикфорд, Амаду Онана, Абдулаје Дукуре и Двајт Мекнил.
Јунајтед има добра преговарачка позиција и верува дека би можел да го ангажира Брентвејт за 47 милиони евра.
Клубот од „Олд Трафорд“ е во потрага по замена за Рафаел Варан, кој го одигра последниот натпревар за „црвените ѓаволи“ во финалето на ФА Купот.
Брентвејт е на списокот на репрезентацијата на Англија за претстојното ЕП и би можел да дебитира на пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и со Исланд на почетокот на следниот месец.