Контакт

Вести

Клинтон и Трамп се соочуваат во првата претседателска дебата

Објавено пред

Кандидатите на американките претседателски избори на 8-ми ноември, на Демократската партија – Хилари Клинтон, и на Републиканската партија – Доналд Трамп, ќе се соочат првпат во понеделникот по локално време, во првата претседателска телевизиска дебата за којашто се очекува дека ќе биде забележана како најгледаното и најочекуваното политичко соочување во историјата на САД.

dobivaj vesti na viber

Изедначената трка за Белата куќа, како и непредвидливите судири на стиловите на двајцата конкуренти кои добро се познаваат, создадоа голем интерес за дебатата којашто може и да биде клучна за изборите кои ќе се одржат за шест седмици, пишува Reuters.

Бројот на телевизиските гледачи може да го надмине рекордот од претседателските дебати од 80 милиони колку во 1980 година го следеле соочувањето меѓу демократскиот претседател Џими Картер, и републиканскиот кандидат Роналд Реган. Се очекува дебатата меѓу поранешната прва дама и поранешна државна секретарка Хилари Клинтон и њујоршкиот претприемач и милијардер Доналд Трмап, да ја следат најмалку 90 милиони луѓе, пишува AFP.

Дуелот кој ќе трае 90 минути, ќе започне во 21 часот (вторник во 3 часот наутро по македонско време), на универзитетот Хофстра на Лонг Ајленд во сојузната држава Њујорк. Ова е првата од трите планирани претседателски телевизиски соочувања.

И Клинтон и Трамп, за кои анкетите покажуваат дека се најнепопуларните кандидати за Белата куќа во историјата, се надеваат дека ќе го искористат соочувањето за да ги привлечат неодлучните гласачи, и да ги исправат пропустите од своите досегашни кампањи.

Аналитичарите сметаат дека непредвидливиот Трамп ќе има можност да ја покаже длабочината и постојаноста којашто е соодветна за вистински лидер, додека претпазливата Клинтон ќе се обиде директно да им се обрати на гласачите кои не ѝ веруваат.

Трамп, кој нема искуство како политичари и во извршување на должности, за кого се оценува дека досега повеќе ѝ се посветувал на критиката отколку на политиката, може да има полза од помалите очекувања на гласачите.

„Нема сомнение дека Трамп има полесна задача“, смета Ден Шнар, поранешен стратег на републиканците кој сега работи како професор по политика на универзитетот Јужна Калифорнија. „Трамп не треба да биде брилијантен, само не смее да биде премногу бомбастичен“, додава.

Влоговите во дебатата се огромни. Таа доаѓа во периодот кога анкетите покажуваат дека се истопила големата двоцифрена предност којашто на крајот од летово ја имаше Клинтон пред Трамп, па дури и дека тој минал во водство. Во прв ред тоа се припишува на контроверзиите околу финансиите на семејната фондација на Клинтонови и незаконското користење на приватната електронска пошта и приватниот сервер за официјална преписка со многу доверливи документи во периодот кога беше државна секретарка во првиот мандат на актуелниот претседател Барак Обама, откако се повлече од трката со него за партиската номинација на демократите на претседателските избори во 2008 година.

Истражувањето на јавното мнение на дневниот весник The Washington Post и на телевизиската мрежа ABC News, покажа во неделата дека Клинтон е изедначена со Трамп со 43 отсто гласови на регистрираните избирачи кои двајцата ги добиваат. Анкетата на агенцијата Reuters и на институтот Ipsos објавена во понеделникот, покажува дека половината од веројатните американски гласачи ќе одлучуваат преку впечатокот од телевизиските дебати. Повеќе од 61 отсто од нив се надеваат на пристојна дебата, и не се заинтересирани за валканиците од кампањата.

Но, 68-годишната Клинтон и 70-годишниот Трамп често си упатуваат остри навреди, поради што се очекува жестока расправа, Трамп неретко Клинтон ја нарекува „нечесната Хилари“, и повика на нејзино притворање до крај на истрагата околу скандалот со електронската пошта. Клинтон, пак, често го осудува Трамп за „темпераментно недораснат“ и „политички некомпетентен“ за Белата куќа.

Трамп доминираше на републиканските телевизиски дебати со нападите врз своите ривали, но нема искуство во соочувањата еден на еден, кои бараат подолги дискусии. Клинтон има учествата во голем број вакви дебати во текот на својата неуспешна кампања за номинацијата на демократите во 2008-та, како и во текот на годинешната кампања кога имаше само еден против кандидат, демократскиот сенатор Берни Сандерс.

Штабот на Клинтон стори сé за да го подигне прагот за Трамп, а пред телевизиското соочување во понеделникот, двајцата кандидати се обидоа да ги наметнат своите очекувања.

„Она што не го сакаме се двојните стандарди со кои Доналд Трамп би ја добил наградата за најголем напредок, а Хилари Клинтон да се проценува според истенчените ставови за политиката“, вели за NBC, Роби Мук, шеф на кампањата на Клинтон, додавајќи дека Трамп го смета за „забавувач“.

Директорката на кампањата на Трамп, Келиен Конвеј, која дојде по низата смени во штабот на републиканскиот кандидат, исто така, за NBC изјави дека големото искуство на Клинтон тешко ќе се пренесе на дебатата, каде што Трамп има предност. „Тој нема да зборува ако робот, напамет“, рече.

Американската јавност дебатираше и за улогата на водителот на NBC на соочувањето, Лестер Холт, кој демократите го повикуваат да го исправа Трамп доколку давал „лажни искази“.Но и Трамп се обиде да влијае на Холт, како и на модераторите на другите дебати, велејќи дека кандидатите треба самите да се исправаат за неточните изјави./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија10 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија11 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ13 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет14 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија15 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија15 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ16 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа16 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет17 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет18 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет18 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа18 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија19 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија19 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...